МВР вработува нови 500 полицајци, веќе обучените се уште чекаат договори за работа

34 полицајци со завршена обука, бараат од министерот Спасовски да ги вработи во МВР како што ветил. Од март 2016  чекаат договор за работа. Министерството им соопштило дека нема доволно средства за нивните вработувања.Доколку не им биде решен статусот до 1ви септември, велат ќе кампуваат пред зградата на МВР.
Инаку  МВР објави нов оглас за 500 полицајци, од кои најголем дел 360, се бараат за Скопје.
Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука. Кандидатите треба да бидат државјани на Р. Македонија,да се полнолетни но да не наполниле 25 години, со најмалку 4 годишно средно образование, да не им е изречена казна забрана за вршење професија.
Во однос на посебните услови, кандидатите  мажи да бидат најмалку 175цм високи, жените 165 и со висока лична физичка подготвеност.  
Пријавата со потребната документација, се должни да ја поднесат ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување.
Огласот ќе трае 15 работни дена почнувајќи од денеска.  
 
Доколку не им биде решен статусот до 1ви септември, велат ќе кампуваат пред зградата на МВР.
Инаку  МВР објави нов оглас за 500 полица

Пронајдете не на следниве мрежи: