„На радар: 12 места кои треба да ги посетите во 2016 година“- Македонија на второ место

„На радар: 12 места кои треба да ги посетите во 2016 година“- Според World Travel Guide, Македонија  се наоѓа на второ место од вкупно 12 примамливи  дестинации кои дефинитивно треба да ги посетите во  2016 година.Од Балканот до карибите, преку вселената, ги истражуваме дестинациите кои треба да бидат на вашиот радар во 2016 година.
„Не заборавајте да купите подарок при посета на Македонија следната година. Македонците во септември  на големо  ќе прослават 25 години независност од Југославија.

Често занемарена, сега тешко е да ја игнорирате Македонија благодарение на енормните напори од владеачката партија, која одлучи  дека главниот град Скопје, треба да изгледа повеќе класично. Тогаш беа одвоени 500 милиони евра за 20 згради и 40 споменици на значајни личности од историјата.

 
Скопје е неверојатно евтин град со  турски чајџилници, тврдина од петтиот век и раскошни православни цркви.  Плажите и сината вода на Охридското езеро водат кон Охрид, а за скијачите вистински рај претставува националниот парк Маврово“, стои во описот за Македонија на овој сајт.

На прво место пред Македонија  се наоѓа Јапонија, а потоа следуваат и Зимбабве, Колумбија, Гренланд, Казакстан, Хаити, Холандија, Перу, Непал, Мјанмар и ВселенатаОд Балканот до карибите, преку вселената, ги истражуваме дестинациите кои треба да бидат на вашиот радар во 2016 година.
„Не заборава

Пронајдете не на следниве мрежи: