Направен е клучен чекор кон пронаоѓањето извор за неисцрпна енергија!

Германските научници објавија дека направиле важен чекор во настојувањата да направат потенцијално неограничен извор на енергија.Проектот на кој научниците работеле скоро две децении, се чини дека конечно дава резултати.
Енергијата што ја добиле во последниот експеримент доаѓа од уред кој со нуклеарна фузија ги спојува атомите кои што на тој начин ослободуваат енергија – слично на принципот на кој функционира Сонцето.
На овој уред досега се потрошени милијарда евра и девет години работа.
На конференцијата за новинари, научниците објасниле дека со последниот експеримент успеале да создадат супер загреана плазма на хелиум во внатрешноста од уредот – што претставува клучен чекор кон нивната цел, а тоа е изнаоѓање на неисцрпен извор на енергија.
„Многу сме задоволни. Сѐ одеше според планот“, изјавил Ханс-Стефан Бош од Институтот Макс Планцк.
Оваа постапка за добивање енергија подразбира атомите да се загреваат на температура од 100 милиони степени, поради што доаѓа до спојување на нивните јадра.
Спојувањето се одвива во посебна вакуумска комора, кадешто атомите се мешаат со јонизиран плин кој се нарекува плазма. Во таа плазма атомите остануваат извесно време, а на место ги држат магнети кои ги спречуваат да ги допрат ладните ѕидови од комората, пишува АФП.Проектот на кој научниците работеле скоро две децении, се чини дека конечно дава резултати.
Енергијата што ја добиле во последниот експерим

Пронајдете не на следниве мрежи: