Направете му го ова на лукот и ќе биде уште поздрав

Лукот е една од оние намирници  кои секое јадење го креваат  на ново ниво, а притоа е познат како  една од најздравите намирници во светот. Но, доколку веќе ризикувате пријателите да ве избегнуваат цел ден поради непријатниот мирис, тогаш берем би требало максимално да ги искористите сите благодети на лукот, а тоа ќе го постигнете доколку правилно го подготвите.
Познато  е дека лукот помага во кревање на имунитетот, совршен е за подобрување на циркулацијата, помага при варење и  е еден од најмоќните сојузници во борбата против вируси, посебно респираторни. Во последните неколку годинисе повеќе се зборува за инфламацијата, за која се вели дека е главниот виновник за некои од најлошите болести на денешницата- а погодувате, лукот успешно се бори и  против неа.
За да ги искористите сите, скоро волшебни своиства на оваа намирница, морате да знаете како  правилно да го подготвувате. Можете, секако, едноставно да го исецкате или испасирате и веднаш да го  ставите во тавче, но на тој начин нема да му дозволите да се покаже во најдобро светло.
Лукот содржи органско соединение наречено алицин (кое во најголема мера е задолжено за борбата против вируси), а за алицинот да се развие што повеќе- треба да му се даде време на лукот.
За да ги „отклучите“ прекрасните својства на лукот, морате да испочитувате три чекори:

 
1.Исецкајте го
Или испасирајте го во онаа алатка за лук- само не ставајте цели чешниња лук. Така  ќе ослободи  вкус и мирис  но нема да допринесе за вашето здравје.
2. Пуштете го да одстои
Откако ќе го исецкате, пуштете го да одстои на даската за сечење од пет до 10 минути. Тоа е сосема доволно да дојде до ензимска реакција, која ќе ни  пружи уште повеќе драгоцен алицин.

3. Не го гответе долго
Лукот секогаш додавајте го при самиот крај на готвење на оброкот. Околу пет минути е сосема доволно да пушти убав вкус, а што подолго го готвите, толку повеќе хранливи состојки ќе изгубите.Но, доколку веќе ризикувате пријателите да ве избегнуваат цел ден поради непријатниот мирис, тогаш берем би требало максимално да ги искористите си

Пронајдете не на следниве мрежи: