НАРОДНИ ВЕРУВАЊА за јадење и пиење – 20 на број: Што треба, а што не треба да се прави за време на јадење и пиење

Ви претставуваме 20 обичаи кон кои македонскиот народ се придржувал во минатото за да не дојде до расправии во домот, за куќата да не осиромаши, стоката да не се уништи, а децата да не бидат расеани…1. Кога човек јаде треба да се прекрсти, а ако тоа не го направи, ѓаволот со него невидливо јаде и пие.
2. Кога некој за прв пат во годината проба некое овошје или јадење, треба да се потегне за уво, и да каже „На живот и на здравје!“
3. Кога некој јаде стоејќи покрај масата се мислело дека им дава на развратните жени за душа.
4. Ако некој при јадење случајно се гризне за јазик или уста, знак е дека ќе јаде риба набргу.
5. Ако некој после јадење остави парче леб, се вели дека си ја остава среќата на другите.
6. Ако некој земе ново лепче а веќе јаде од едно кое не го дојал, се верува дека некој е гладен.
7. Ако на некој при јадење му падне парче леб во чинијата, тој ќе добие гости. Што е помало парчето, толку гостите ќе бидат побезначајни и обратно.
8. Со голи раце не треба да ги собирате трошките од маса, ниту по нив да газите,  бидејќи тоа значи сиромаштија.
9. Кога на некој ќе му падне залче од уста, знак е дека некој од неговите блиски е гладен.
10. Не треба да се биде лаком на јадење, бидејќи тоа води кон големо зло…

 
11. Кога погачата за време на печење ќе пукне на средина, тоа значи дека ќе дојдат гости.
12.Ако случајно истурите сол на масата треба да се собере со нож, во спротивно ќе дојде до расправија во домот.
13. Најздрава вода е онаа која извира во букова шума или близу до неа.
14. Не чини на некој пијалакот да му го додавате преку повеќе раце, бидејќи тоа значи дека ќе го најде некое зло.
15. Кога водата ќе помине преку 9 камења се верува дека е добра за пиење.
16. Ако некој после јадење веднаш се протегне, се што јадел му го дал на ѓаволот.
17. Не треба да се седи на ќош на масата додека јадете, бидејќи таа личност која таму седи никогаш нема да се омажи или ожени.
18. Не треба на децата да им „солите памет“ да јадат, бидејќи ќе бидат расеани, а на женските деца покрај тоа ќе им се потат рацете кога ќе ги извршуваат женските работи.
19. Вино треба да се става само со десна рака.
20. Срцето на животните не треба да го делите на повеќе луѓе, треба само еден да го изеде за стоката да не се уништува.
Јадења на новогодишната трпеза кои ќе ви донесат здравје, среќа, хармонија во домот…Погледнете ТУКА1. Кога човек јаде треба да се прекрсти, а ако тоа не го направи, ѓаволот со него невидливо јаде и пие.
2. Кога некој за прв пат во годинат

Пронајдете не на следниве мрежи: