НАТО ќе се бори со сите сили против Русија до последниот Украинец

Со својата агресија против Украина, Русија успеа за неколку месеци да го постигне она што Вадим Гречанинов се обидува да го направи една деценија, пишува Time. Неговата мисија како претседател на Атлантскиот совет на Украина, организација со седиште во Киев, е да ги убеди водачите на неговата земја, граѓаните и офицерите дека пристапувањето во НАТО е единствениот пат на Украина кон безбедноста.Гречанинов не постигна особен успех. Досега.
Според податоците од истражувањето на Pew Research, спроведено во 2009 година, поголемиот дел од Украинците (51%) се противат на членството на земјата во Алијансата. Поддржувачите на идејата тогаш биле само 28%.
Работите сепак почнуваат да се менуваат. Според резултатите од новото истражување направено во јули, 44% од Украинците веќе го поддржуваат пристапот на земјата во НАТО.
Новата влада на Украина исто така ја поддржува идејата и дури предложи посебен закон минатата недела, кој го отвори патот на земјата кон Алијансата. Гречанинов сепак не е оптимист дека тоа ќе се реализира, бидејќи според него организацијата “сеуште се поклонува пред барањата на Москва”.
На денот, во кој претседателот на Русија Владимир Путин го анектира Крим, тој упати предупредување до НАТО “да не си гради куќа во задниот двор или во историска територија”. Ако тоа не било доволно јасна порака вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров  се обиде да дообјасни- секој обид за привлекување на Украина во Алијансата ќе доведе до блокада на и без тоа кревките мировни преговори меѓу украинската влада и сепаратистичките бунтовници, за кои се смета дека се поддржани од Москва.
“НАТО сака ситуација во која Америка диктира волја на целиот свет. Овие амбиции нема да доведат до ништо добро “, коментира Лавров.
Во пресрет на самиотот дојде и алармантна порака од руската армија. Генерал од руската армија, посочи дека претстои и промена во нуклеарната стратегија на Русија.
“Неопходно е да се дефинираат условите под кои Русија може да започне превентивен напад со стратешките нуклеарни сили”, коментира тој. Во својата сегашна форма текстовите предвидуваат употреба на нуклеарно оружје во одговор на удар против Русија, но не се споменува можноста за “превентивен “нуклеарен напад.
На првиот ден од самитот на НАТО не се користи таква реторика. Алијансата објави само создавање на единица во многу висок степен на подготвеност, што може да биде лоцирана во близина на конфликтните точки не повеќе од два дена. 
Новите сили за брза реакција мораше да ги смират членовите на НАТО во Источна Европа, иако организацијата не ги почитува директно нивните барања за распоредување на бази во регионот. Западните сојузници одлучија да го испочитуваат пактот од 1997 година, според кој во близина на Русија не треба да се сместат постојани воени бази, иако Москва не го испочитува договорот од 1994 година да не го крши суверенитетот на Украина. 
При демонстрацијата на нивната поддршка кон Украина сојузниците се обиделе да го натераат претседателот на земјата Петро Порошенко да се почувствува како почесен гостин на самитот. Лидерите на САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија се сретнаа со Порошенко, за да разговараат за конфликтот на неговата земја со Русија, и ветија формирање на специјален фонд, со кој ќе се поддржи модернизацијата на украинската армија. Тие сепак застанаа тука и не ветија оружје за Украина, ниту се ангажираа со конкретни рокови за пристапот на земјата во Алијансата.

Гречанинов не го криеше разочарувањето, но не е и изненаден. Ако Украина се приклучи на НАТО, секој од членовите на Алијансата ќе треба да ја брани во случај на надвореше напад. Сепак ниту еден од сојузниците не би ризикувал да западне во конфронтација со Русија.
Гречанинов ги разбира овие стравови, но тој предупредува дека Унијата е само одложување на неизбежното. “Путин може да биде запрен само од сила, поголема отколку што е неговата. Ја чекаме оваа сила од НАТО, тие ја имаат. Тие можат да го сопрат Путин, заклучува тој.
Западните лидери избегнуваат да ја нарекуваат ситуацијата во Украина со конкретна терминологија, додека бараат начин за одговор, пишува и New York Times.
Порошенко неодамна ги предупреди европските лидери дека ако не се реши  ситуацијата, на крајот ја  загрозуваат и сопствената безбедност, нивното однесување пак го окарактеризира како “политичка шизофренија”.
Москва сеуште тврди дека е само набљудувач на конфликтот и негира испраќање на војници или оружје за Украина.
Експертите по меѓународно право велат дека се збунети од внимателноста при употребата на зборот “инвазија”. Само Австралија го користи терминот, но тоа е затоа што никој не очекува токму Австралија да направи нешто.
“Ако Америка или Германија го стори истото, тоа ќе предизвика очекувања за воен одговор”, коментира Шерон Корман, правник од Австралија.Гречанинов не постигна особен успех. Досега.
Според податоците од истражувањето на Pew Research, спроведено во 2009 година, поголемиот дел

Пронајдете не на следниве мрежи: