НЕ УНИШТУВАЈТЕ ЈА ПСИХАТА: Овие работи ве прават депресивни!

Доколку сакате да живеете посреќно и послободно, ова се работите кои ве спречуваат во тоа, а веројатно и толку често ги правите што веќе и не ги забележувате.Вистинската депресија настанува од тешки причини, но малите работи кои ги правиме секој ден, можат да доведат до несакани чувства. За среќа, лошите навики можат лесно да се променат, а првиот чекор е да ги препознаете:
1. Подгрбавени сте кога одите
Начинот на кој се чувствуваме може значително да влијае на начинот на кој одиме, но и обратно! Доколку одлучите да се исправите додека одите, ќе размислувате за многу попозитивни работи. Испитаниците кои оделе подгрбавено, признале дека почесто размислувале за негативните, отколку за позитивните нешта.
2. Фотографирате сѐ околу себе
Скоро сите мобилни телефони имаат камери, а социјалните мрежи некако како да „очекуваат“ од секого да објави нова фотографија. Тоа доведе до различни трендови, а младите ширум светот дури ги фотографираат и оброците и моментите кои не би требало јавно да се споделуваат. Докажано е дека луѓето кои во музеите фотографирале сѐ што виделе, по излегувањето рекле дека многу потешко се сеќаваат на деталите од оние кои само ги набљудувале. Понекогаш е многу подобро да се остават мобилните телефони настрана и едноставно да уживате во моментот.
3. Дозволувате некој да се изживува над вас
Ваквите искуства не завршуваат во училишните денови. Според статистиката, 54 милиони вработени лица имаат проблем со колегата кој се изживува врз нив. Во континуитет, оваа појава доведува до губење на самодовербата, а може да доведе до тешка состојба на депресија доколку не се реши на време. Не треба да се исплашите да реагирате ако сте свесни дека сте во право.
4. Не вежбате
Доколку се занимавате со физичка активност, ризикот за депресија паѓа за 19 отсто. Истражувањето било извршено врз 11.000 луѓе и биле следени симптомите на депресијата во регуларните интервали. Луѓето кои биле депресивни не се занимавале со физичка активност, а оние кои редовно вежбале имале помали симтоми на депресија. Научниците дури дошле и до заклучок дека ризикот од депресија паѓа за 6 отсто со секоја активност.

5. Ги одложувате обврските
Дали можете да се сетите на барем една работа која ја одложувате веќе подолго време? Тоа и не е толку голем проблем, доколку одложувате нешто што во вас буди страв од неуспех, но одложувањето може да ве доведе до депресија.
6. Животот го сфаќате премногу сериозно
Едноставен пример. Одите по улица и се сопнувате. Многумина ова ќе го сфатат како срам и ќе им биде непријатно.Иако оваа ситуација може само да ве насмее, вие во главата ја претворате како личен неуспех. Постојат многу истражувања кои докаужваат дека смеењето ја подобрува секоја ситуација и му дава опција на мозокот на потполно поинаков начин да ги процесира трауматичните настани.
7. Не спиете доволно
Сонот влијае скоро на сѐ. Емотивните и менталните способности, како и функционалноста на телото, директно зависат од бројот на часови за тоа колку сте стигнале да се одморите на мира. Сонот е начин накој нашето тело се регенерира без да дојде до било какви „неправилности“.
8. Истовремено правите многу работи
Често сме приморани истовремено да извршуваме повеќе работи. Додека ручаме, проверуваме што има на Фејсбук, во исто време е вклучен телевизорот, а пораките постојано пристигнуваат на мобилниот телефон. Истражувањата дошле до сознанија дека иако многумина мислат дека постигнуваат повеќе резултати со постојан мултитаскинг, всушност ја губат продуктивноста и објективноста на гледање на работите. Доколку ова е ваш начин на живот, може да ве доведе до стрес и потешкотии во комуникацијата.Вистинската депресија настанува од тешки причини, но малите работи кои ги правиме секој ден, можат да доведат до несакани чувства. За среќа, лошите

Пронајдете не на следниве мрежи: