Не заборавајте да се молите додека постите: Обратете му се на Бога со овие зборови!

За време на постот е важно редовно да му се обраќаме на Господа. Инаку, постењето без одењето во црква и вистинската и искрена молитва е исто како да држите диета.Основното учење на отец Тадеј е дека Бог е насекаде и дека му помага на секого:
„И на слабите и на силните, на секого кому му е потребна помош. Затоа непрестано треба да се вежба за да се отвори срцето пред Бога.“
Отец Тадеј вели: „И молитвата е вежба. Ако постојано повторуваме некоја молитва, таа преминува во чувство. За тоа говореле Светите отци. Многу луѓе на почетокот од духовниот живот добиваат благодет, но поради нашите гревови подоцна се повлекува, па повторно се јавува. Кога некој од срце му се обраќа на Бога со умствена молитва, постепено се привикнува на неа и стекнува радост и мир кои не се од овој свет. И таа радост се стекнува, па повремено се губи. Но, благодетната молитва е неискажана радост која не може да се спореди со ништо на овој свет.“
Тој ја видел божествената сила во секоја душа, без оглед дали станува збор за душа на дете или старец и се радувал. Отец Тадеј додавал:
„Сите се повикани на светост. Секоја душа е света. И големи и мали, сите треба да бидат свети. Животот е енергија на Бога, потекнува од Бога, од Изворот на животот и оттаму сите ја добиваат, и ангелите и луѓето. Таа енергија е постојано со нас. А Бог е единствениот Животодавач.“
Затоа, вечерва кога ќе тргнете на спиење, прекрстете се и обратате му се на Бога само со овие зборови: „Господе Исусе Христе, Сину Божји, помилувај ме.“
Ако ова ви влезе во навика секој ден, ќе видите како вистинскиот мир и радоста полека се вселуваат во вашата душа.
Основното учење на отец Тадеј е дека Бог е насекаде и дека му помага на секого:
„И на слабите и на силните, на секого кому му е потре

Пронајдете не на следниве мрежи: