Неколку причини зошто ГИ САКАМЕ или НЕ ГИ САКАМЕ Скорпиите

Веројатно секој од вас во животот има барем по една личност која е Скорпија во хороскоп. Доколку е така ќе се согласите дека тие се многу интересни и весели личности, но како и  сите останати луѓе имаат предности и недостатоци. Затоа погледнете зошто ги сакаме или не ги сакаме Скорпиите.1. Не бараат помош
Скорпиите не прашуваат никого за помош бидејќи сметаат дека тоа е одраз на слабост. Тие се сами свои газди и живеат според мотото „ако сакам да направам нешто добро, ќе го направам сам“ наместо да побараат помош или услуга од некој друг.
2. Одмаздољубиви
Доколку некој знае добро и квалитетно да се одмазди тогаш тоа е Скорпијата. Но, со таа одмазда нема да загорчат нечиј живот туку само ќе ѝ докажат на личноста дека можат без неа.
3. Брутално искрени
Тие се брутално искрени личности. Тоа ги нервира другите луѓе кога ќе ги прашаат за искрено мислење, а не сакаат да слушнат што Скорпиите имаат да им кажат.
4. Кога сакаат, сакаат безусловно и искрено
Со оглед на тоа дека на љубовта гледаат како на сила која ги руши сите бариери, таа за нив претставува еден од најголемите стравови. Но, кога еднаш ќе се заљубат, ќе направат сè за својата друга половина.
5. Немаат доверба во никој
Скорпиите се многу вредни луѓе, но и немаат многу доверба, бидејќи си веруваат само на себе и на никој друг.
6. Не ги лутете
Иако во еден момент тие се смирени, во наредниот може да експлодираат како вулкан. Бидејќи кога ќе се налутат, сето она што го чувале во себе излегува на површината, а тоа може да биде опасно.
7. Не им „паметувајте“
Најлошата работа што може некој да им ја направи на Скорпиите додека се нервозни е да им „паметува“, постојано да им зборува и да не си ја гледа својата работа. Но, може да кажеме дека тие се такви и кога не се нервозни.
8. Мирни, но неверојатно забавни
Скорпиите преставуваат одлична комбинација на интровертна и екстравертна личност. Од една страна се многу мирни и повлечени во себе, но во посебни моменти знаат да се преобразат во потполно неверојатна забавна личност. Сè зависи од тоа како се чувствуваат во тој момент.

 
9. Заштитнички настроени
Тие се многу заштитнички настроени кон своите најблиски. Тоа е очигледно, бидејќи тие не реагираат на коментарите кои се упатени на нив, но штом ќе слушнат навреда за некој нивен најблизок, веднаш се разбеснуваат.
10. Комуникативни
Скорпиите ги нервираат луѓе кои не знаат да разговараат бидејќи самите тие се многу комуникативни луѓе.
11. Неверојатно привлечни
Неверојатно се привлечни и харизматични личности. Тие не мора да бидат премногу убави за да пленат секаде каде што ќе се појават.
12. Љубоморни
Иако често изгледаат незаинтересирано, Скорпиите знаат да бидат многу љубоморни во љубовна врска и својата друга половина не сакаат да ја делат со никого.
13. Емотивни
Скорпиите се многу емотивни и не се плашат да ги покажат своите емоции. Може понекогаш и да заплачат.
14. Мразат лаги од дното на душата
Ако Скорпиите нешто мразат, тогаш дефинитивно тоа е лажењето. Тие се вистински детектори на лага. Па, затоа не дозволувајте си го тој луксуз со нив.
15. Амбициозни
Многу се амбициозни, сонуваат големи соништа и пробуваат на овој или оној начин да ги остварат.
16. Со нив е тешко да пронајдете компромис
Со Скорпиите тешко е да пронајдете компромис, бидејќи сè сфаќаат буквално, без разлика дали е добро или лошо. Затоа во комуникацијата со нив треба да бидете многу внимателни.
17. Реални
Скорпиите се многу реални и сите случувања во животот ги прифаќаат разумно и веруваат дека се случиле со причина, па колку и да им е тешко.1. Не бараат помош
Скорпиите не прашуваат никого за помош бидејќи сметаат дека тоа е одраз на слабост. Тие се сами свои га

Пронајдете не на следниве мрежи: