Нептун е „BEST BUY“ во Македонија!

Корисниците го одбраа Нептун како број еден ланец на продавници со највисока оценка за најдобар сооднос на цената и квалитетот во категоријата продавници за бела техника и апарати за домаќинство во Македонија.Ова го покажува првото истражување за наградата „Best Buy Award“ кое беше спроведено во текот на месец февруари 2015, врз репрезентативен примерок на испитаници од Македонија, постари од 15 години. Истражувањето го спроведе швајцарската организација ICERTIAS, која го мери исклучиво искуството на испитаниците и нивното задоволство во однос на цената и квалитетот на производите и услугите кои продажните ланци ги нудат на пазарот.
Како дел од истражувањето за наградата Best Buy Award, од испитаниците е побарано да одговорат што според нив претставува најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, односно најдобра вредност за нивните пари, според своето лично искуство за производи или услуги во определена категорија на македонскиот пазар.
Прашањата во истражувањето за наградата Best Buy Award беа од отворен тип, односно на испитаниците не им се нудеа повеќе одговори од кои можеа да изберат. Тие сами ги наведуваа имињата на производителите и на давателите на услуги кои, според нивното искуство, нудат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на пазарот.
Главната мисија на истражувањето беше да се добие увид во искуството на корисниците и нивната перцепција за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот (најдобра зделка) на производите и услугите на пазарот. Односно да се поедностави барањето на најдобрите производи и услуги по најповолна цена, на локалниот и меѓународниот пазар.
Нептун Македонија ДОО Скопје е основана во 1998 година и е дел од групацијата Нептун Интернешнл. Нептун е малопродажна мрежа со широк асортиман на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, фото апарати и камери, лична нега и убавина, ладење, греење и комуникации. Во моментов, мрежата на Нептун опфаќа 19 продавници во 17 градови во Македонија.Ова го покажува првото истражување за наградата „Best Buy Award“ кое беше спроведено во текот на месец февруари 2015, врз реп

Пронајдете не на следниве мрежи: