Никој во државата не смее да започне постапка за избор на Влада без определен мандатар!

Колку е важна улогата на мандатарот, а оттаму и улогата на претседателот на Републиката во определувањето на мандатарот укажуваат одредбите од Уставот на РМ, и од Деловникот на Собранието на РМ што се однесуваат на постапката за избор на Влада, вели универзитетската професорка по Уставно право, Тања Каракамишева- Јовановска.-Никој во државата не смее да започне постапка за избор на Влада без определен мандатар, и никој нема право да презема чекори на своја рака со кои ќе се заобиколи во Устав и во Деловник утврдената постапка за избор на Влада, вели Каракамишева- Јовановска.
Таа додава дека секое кршење на уставната и деловничката процедура за избор на Влада од кој било субјект, или партија, како и секое повикување од лица да се крши Уставот и Деловникот на Собранието мора да повлече и соодветна кривична одговорност за сите вклучени во тој чин и во таква противуставна постапка.
-Нема криење зад пратеничкиот имунитет ако свесно и со умисла се крши Уставот и се повредува уставниот поредок на државата. Во член 65, став 3 од Уставот на РМ стои дека на пратеник му престанува мандатот по сила на Устав ако е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. А сите кривични дела против државата се со казна затвор над пет години, заклучува Каракамишева- Јовановска.

-Никој во државата не смее да започне постапка за избор на Влада без определен мандатар, и никој нема право да презема чекори на своја рака со кои

Пронајдете не на следниве мрежи: