Ноам Чомски: Европската Унија ги води кон колапс сите европски демократии

„Она што е важно денес е износот на пари кој се слева во џебовите на фамозните банкари, за да ги направи богати, што ни покажува дека политиката сега веќе на големо служи за богатење на банкарите. Тоа постана најголема вредност, додека она што им се случува на нормалните луѓе нема никаква важност“ – вели Чомски.„Сите влади во Европа, независно на политичката определеност, ја следат истата политика, за која одлучува група на неизбрани бирократи, раководители и индустриски групации во Брисел, а која оди кон уништување на демократијата“ – рекол еден од најзначајните светски интелектуалци Ноам Чомски во интервју за новиот број на „НИН“.
Во Европа, како и во САД, политичката агенда ја диктираат посебните интереси на големите финансиски групации и банки, а една од нивните главни цели е уништување на државата на благосостојба, „која претставува една од најголемите достигнувања на повоената Европа“, оценил Чомски.

Говорејќи на форумот во Рим за целосниот колапс на европските демократски системи и повикувајќи се на американската листата „Волстрит журнал“, овој, како што наведува НИН, анархистички интелектуалец, предупреди дека таков курс може да има многу сериозни последици, како што се појавата на тоталитарната власт, или диктатура.
Истакнувајќи на добро познатиот факт дека „бизнисот никогаш не бил во љубов со општествениот договор“, Чомски оценил дека политиката денес служи за богатење на банкарите.
„Она што е важно денес е износот на пари кој се слева во џебовите на фамозните банкари, за да ги направи богати, што ни покажува дека политиката сега веќе на големо служи за богатење на банкарите. Тоа постана најголема вредност, додека она што им се случува на нормалните луѓе нема никаква важност“, заклучил Чомски.„Сите влади во Европа, независно на политичката определеност, ја следат истата политика, за која одлучува група на неизбрани бирократи, раков

Пронајдете не на следниве мрежи: