Нови пораки од Едвард Сноуден

Додека работел за тајната служба NSA, Едвард Сноуден посебно се занимавал со комуникација помеѓу германските граѓани, како што рече во интервјуто за магазинот Штерн. Вечерва ќе се емитува и неговото прво интервју за американските медиуми.Во интервјуто за магазинот Штерн, Сноуден рече дека се занимавал со собирање информации и нивна анализа. Најголемиот број од системите кои тој ги користел, служеле за пресретнување на комуникацијата помеѓу германските граѓани. Тоа долеало масло во огнот во расправиите кои веќе со месеци се водат во Германија.
Таканаречената „афера NSA“, била повод за формирање на анкетен одбор на Бундестагот, по барање на опозицијата. Едно од нејзините барања е пред тој одбор да се сослуша лично Сноуден. Претседателот на тој одбор, демохристијанскиот политичар Патрик Сенсбург, рече дека Сноуден не се занимавал специјално со надзор на комуникацијата помеѓу граѓаните на Германија. Сенсбург додаде дека, доколку Сноуден не поднесе оригинални документи на кои се повикува, поранешниот информант на NSA веќе нема да важи како кредибилен сведок пред анкетниот одбор. Инаку, Германското државно обвинителство соопшти дека нема да покрене истрага против NSA поради надзорот на германските граѓани, бидејќи нема доволно докази. Тоа предизвика дополнителна огорченост кај опозицијата, пред се` кај Левичарската партија.
Пораки за Германија и Германците
„Едвард Сноуден е добар раскажувач“, пишува Штерн, „барем кога станува збор за неговата омилена тема: колку е семоќна глобалната индустрија за надзор и колку и` е битно да ги шпионира нашите животи. Бидејќи, дигиталните траги за добар аналитичар како него, откриваат се` за некој човек: каде живее, за кого ќе гласа на наредните избори, па дури и кого го сака“. Врз основа на регистрирањето на сигналите од мобилните телефони на одредено подрачје, готово совршено може да се дознае каде некој се движи и со кој се наоѓа.
„Поврзувајќи и анализирајќи ги податоците, знам кога сте легнале во кревет, но и со кого“, рече Сноуден. Една од неговите најзначајни пораки е упатена кон германските парламентарци: „Знам како системите (надзорот) технички функционираат; познавам и соодветни насоки. Ме зачуди фактот што членовите на германскиот Бундестаг навистина мислат дека не би дознале ништо ново кога би ги изнел моите сознанија“.

 
Германските тајни служби ги делат своите кревети со Американците
Сноуден додаде дека е очигледно криењето на фактите кои би можеле да предизвикаат јавен револт. Поради тоа, анкетниот одбор на Бундестагот сака да го сослуша Сноуден, но германската влада се` уште не се изјаснила за тоа дали може да гарантира безбедност на поранешниот американски информант. Таа дури се повикува една експертиза според која доаѓањето на Сноуден може „да ги загрози и трајно да ги наруши односите помеѓу САД и Германија.“
Одговор на обвиненијата
Обвиненијата дека соработува со руската влада, па дури и со руската тајна служба FSB, Сноуден остро ги отфрли како „апсурдни“ и „смешни“. Тој пренесе дека САД му го поништија пасошот и така практично му поставија замка. „САД знаеја дека Русија не беше мој цел. А, што всушност што би можела руската влада да ми понуди?“
Да го интересираа парите, тој само би требало да прифати некоја од многубројните понуди да напише книга или да преземе раководство над некоја компанија за дигитална технологија.
„Да ми беше најважна личната безбедност, никогаш не би ги напуштил Хаваите“ – За Олег Калугин, Сноуден вели дека само е шпион кој „за еден чек од CIA“, ја издал својата земја.
Во интервјуто за магазинот Штерн, Сноуден рече дека се занимавал со собирање информации и нивна анализа. Најголемиот број од системите кои тој ги к

Пронајдете не на следниве мрежи: