Објавен македонскиот превод на „Сама“

Сама е исповед на Исидора Бјелица за делот од нејзиниот живот за кој никој досега не знаеше ништо. Овој роман е преведен на македонски јазик и од денес е во продажба во книжарската мрежа на Просветно дело.„Ме обзеде страшна, морничава паника, која оди до длабочината на коските, дека сево ова заедно нема никаква смисла и дека јас нема никогаш да ја откријам. Дека целиот живот ќе го поминам погрешно…”
Хероината на романот Сама скита по светот, заминува за Мексико во потрага по клучот за разбирањеото на нашето битие и смисла, не знаејќи дека одоговорот всушност се наоѓа во нејзиното срце… И кога многу години подоцна ќе се соочи со крајна безнадежност, кога ќе помисли дека сите ја напуштиле и дека останала сама, сфаќа дека патот до срцето на саканиот води низ сопственото срце.
Ова е лична приказна која ни ја прикажува Бјелица во сосем ново и поинакво светло.
Магистер Исидора Бјелица е еден од најсаканите и напродавани автори на Блаканот. Автор е на над педесет романи преведени на седум јазици, добитник на многу награди. Таа покажа дека писателите можат да бидат популарни како рок ѕвезди.  „Ме обзеде страшна, морничава паника, која оди до длабочината на коските, дека сево ова заедно нема никаква смисла и дека јас нема никогаш да

Пронајдете не на следниве мрежи: