Облачно на денот на пророкот Данил: Еве ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА 2016 ГОДИНА според народните верувања!

Денеска е Св. пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил.Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи.
За животот на пророк Даниил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет. Тој го прорече времето на доаѓањето на спасителот Христос. Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа неповредени иако беа фрлени во вжештена печка.
Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печката и им даде големи почести. Според едно предание, сите четворица доживеаја длабока старост и најпосле пострадаа во Вавилон заради верата во едниот Бог.
Во Вавилон Данило станал познат по толкување на соништата и успеал да стане еден од најзначајните личности во тамошното кралство.
Порано се верувало дека овој ден е добар за гатање, пророштва и гледање на иднината. Во некои краеви постарите луѓе и денес знаат дека ноќеска треба да се гледа во небото и да се бараат ѕвездите.
Ако ги има, наредната година ќе биде плодна. Ако е облачно и тмурно, не чека сушна 2016 година.
Постои верување дека на празникот на Светиот пророк Даниил треба на децата да им се облече нешто ново од облека, па макар тоа да се и чорапчиња. Тоа е спомен на трите момчиња кои со светителот се одведени во ропство, но сеедно поживеале и имале добар живот. Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Ва

Пронајдете не на следниве мрежи: