ОДГОВОРЕТЕ НА ОВИЕ ПРАШАЊА И ДОЗНАЈТЕ: Дали сте суеверни?

Денеска за вас подготвивме еден интересен квиз чија цел е да открие дали сте суеверни. Сѐ што треба да направите е да изброите кои одговори најмногу ги имате од понудените (А, Б или В).1. Дали верувате дека судбината ќе ви донесе љубов?
А) Не, сам/а ќе ја пронајдам.
Б) Можеби постои мала шанса.
В) Да, не ја барам љубовта бидејќи сама ќе дојде.
2. Колку често читате хороскоп и дали барате совет?
А) Никогаш, не верувам во хороскоп.
Б) Понекогаш.
В) Не пропушам ден да не прочитам.
3. Дали се јавувате или посетувате видовити луѓе и гатачи?
А) Не, тоа е фрлање пари.
Б) Би ја разгледал/а таа можност.
В) Да, и повторно би го направил/а истото.
4. Имате ли среќен број или дали верувате дека секој има среќен број?
А) Не, не ја гледам поентата во тоа.
Б) Некогаш избирам можен среќен број.
В) Да, тоа ми е многу битно.
5. Верувате ли дека некои луѓе имаат способност да ја предвидат иднината?
А) Не, лажат.
Б) Постои таа можност.
В) Да, некои луѓе поседуваат таква моќ.
6. Дали ви е страв некој да не ве урочи?
А) Не, тоа ми е смешно.
Б) Малку ми е морничаво.
В) Да, тоа е загрижувачко.
7. Дали избегнувате да поминете под скали?
А) Не ми паѓа на памет.
Б) Зависи од ситуацијата.
В) Обавезно.
8. Дали верувате дека ве чува дух или ангел?
А) Не, не верувам во тоа.
Б) Понекогаш чувствувам дека ме чува некоја сила.
В) Да, и тоа ми дава голема утеха.
9. Дали со себе носите некоја амајлија или талисман за среќа?
А) Секако дека не.
Б) Понекогаш.
В) Да, секогаш.
10. Дали чукнувате во дрво или правите слични работи?
А) Никогаш.
Б) Понекогаш.
В) Секогаш.

Решенија:
Најмногу одговори под А
Цврсто верувате дека вие сте господар на својата судбина, па немате време за празноверие. Таквиот став за преземање контрола над сопствениот живот е одличен, но внимавајте да не ги исмевате останатите поради нивното празноверие. Меѓутоа, ако некој ваш близок фрла пари на видовити луѓе и слични измамници, внимателно вмешајте се. Од друга страна, којзнае што би можела науката еден ден да открие…
Најмногу одговори под Б
Дел од вас верува дека во животот има повеќе отколку што навистина гледаме. Но, тој дел го балансира вашата скептичност која не му дозволува на празноверието да ве надвладее. Со отворен ум ги разгледувате сите аспекти од некоја дадена ситуација и ве интересира што постои надвор од нашите сетила, но истовремено сакате да контролирате барем некои работи во животот.
Најмногу одговори под В
Навистина сте суеверни. Затоа е важно добро да ја процените секоја ситуација и да не им дозволите на гатачите да ви кажуваат што да правите. Ако го користите празноверието за да избегнете донесување на некоја одлука, време е да преземете контрола врз животот. Читајте хороскоп секој ден, но тој нека не влијае на вашите одлуки. Оставете ја амајлијата дома и обидете се барем понекогаш да не прочитате хороскоп…

Пронајдете не на следниве мрежи: