ОКТА стана еколошки одговорна компанија

Компанијата ОКТА, лоцирана во скопската населба Илинден е добар пример, кога една фабрика со сопствени средства и проекти сериозно и во тесна соработка со државните институции и локалните власти ќе се зафати на решавање на проблемот со загадување на животната средина.Пред десет години оваа компанија беше ставена на листата на жешки еколошки точки, кои беа лоцирани како дел од истражувањето за цврст отпад во земјава.
Последниве години компанијата најде решение за сите типови на отпад, поради кои беше ставена на листата (индустриски, комерцијален и комунален), што како позитивен потег го посочуваат и од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое работи на решавање на поголемиот дел од жешките еколошки точки во земјава.
„ОКТА постапува согласно законските обврски што подразбира предавање на отпадот на овластена фирма за понатамошна постапка. Отпадот од чистењето на базените на Пречистителната станица се изнесува, преработува/отстранува во Грција согласно Базелската конвенција и други меѓународни прописи за постапување со отпадот. Овoj проект е во тек и се работи со поддршка од страна на специјализирана надворешна фирма, ресурси на ОКТА и тесна соработка со Министерството и Инспекторатот за животна средина и просторно планирање“, велат за еМагазин од ОКТА.
Освен решавање на проблемот со отпадот, кој беше еден од главните причинители на загадувањето, ОКТА последниве години има реализирано и голем број на проекти од областа на заштита на животната средина во соработка со локалните власти.
„Проекти кои се изведени во соработка со Општина Илинден се Проект за продолжување на канализационен одвод на пречистени отпадни води од влив во Бујковачка Река до крај на село Миладиновци и Проектот за изградба на канал за подземни води – односно подземен дренажен канал, со кој директно се зафаќаат, одведуваат и прочистуваат високите подземни води пред да се влеат во Сува Река. Неодамна беше финализиран Проектот за инсталирање на котли за производство на пареа со моќност од 2.2 МW – со што е постигната значителна редукција на емисиите во воздухот. Во моментов се работи на чистење на базените за талог на пречистителна станица, а во финална фаза се проектот за надградбата на инсталацијата за долно полнење на авто цистерни, како и поставувањето на постројката за повраток и рекуперација на бензински пареи (VRU), со што значително ќе се намали фугитивната емисија од испарливи органски соединенија во воздухот“, велат од компанијата.
ОКТА сите проекти и активности ги планира и изготвува во соработка со надворешни специјализирани компании и во согласност со пропишаните законски регулативи.
„Компанијата има воспоставено успешна соработка со Општина Илинден на повеќе полиња. Покрај бројните донации оставрени во различни сфери, тука би ја истакнале и финансиска поддршка која ОКТА ја даде за чистење на одводните канали кои поминуваат преку територијата на општината, проект кој значајно придонесе за подобрување на квалитетот на живеење на локалното население“, велат од ОКТА. 
Единствената рафинерија во земјава последниве две години не произведува нафта и нафтени деривати, и се занимава со трговија.
„Како одговор на промените на глобалниот пазар на нафтени деривати, почнувајќи од јануари 2013 година, успеавме да се трансформираме од бавно движечка индустриска компанија во флексибилна, ориентирана кон потрошувачот, логистичка и трговска компанија којашто гарантира непрекинато и сигурно снабдување на земјава со гориво. Денес ОКТА покрива повеќе од две третини од вкупните потреби на пазарот, со висококвалитетни горива кои ги задоволуваат последните локални и европски стандарди“, велат од ОКТА.
Зошто ОКТА беше ставена на листата на жешки еколошки точки
При работењето и поради отпадот ОКТА предизвикуваше загадување на воздухот, водата и почвата со сулфур и азот диоксид, а траги од нафтени деривати беа пронајдени и во бунарите во шест околни села, стои во истражувањето кое ги лоцираше жешките еколошки точки во земјава.
Окта беше класифицирана како еколошка жешка точка со низок ризик.
Локалното население најмногу се жалеше на оштетувања на дишните органи како последица на работењето на компанијата.
Повеќе информации за оваа еколошка жешка точка може да дознаете на интернет страницата на Министерството за животна средина www.moepp.gov.mk во делот барање за добивање дозвола за усогласување со оперативен план и во делот Студии за оценка на влијанието врз животната средина „Програма за санација на индустријското оптоварување – Рафинерија за нафта ОКТА, Скопје“.Пред десет години оваа компанија беше ставена на листата на жешки еколошки точки, кои беа лоцирани како дел од истражувањето за цврст отпад во земј

Пронајдете не на следниве мрежи: