Осмоодделенец преку домашна задача објасни што е добро однесување

Составот на едно осмоодделенче на тема „Добро однесување“, многумина ги остави без здив.
Младото момче на детски, но сепак ефективен начин покажа дека љубовта и почитувањето се многу важни сегменти во животот и дека грижата за своите најблиски е основа на истото. Погледнете зошто го нарекуваат „дете, татко на човекот“.
„Кога е ладно, ежето бара други ежиња за да лежат заедно, да се соберат, затоа што така им е потопло. Ако немаат боцки, тоа би било лесно, но ежињата имаат долги и остри боцки. Кога ќе се соберат во куп се боцкаат едно со друго. Тоа не е добро, а не е добро ни кога им е ладно. Затоа ежињата долго се мачат, додека не најдат некое згодно растојание: да бидат едно до друго, а да не се боцкаат. Тоа растојание се вика ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ. Тоа е ДОБРО ОДНЕСУВАЊЕ, да не те повредам јас тебе, да не ме повредиш ти мене, да си помогнеме еден со друг, да ни биде и мене и тебе добро“, напишало детето, птенцирајќи го насловот на темата со големи букви.
Иако млади, децата најчесто знаат да не запрепастат, да не потсетат и научат на основните правила за добро однесување.
Оваа задача потврдува дека од децата можеме многу да научиме и дека конкретно тие, младите невини дечиња често можат да не засрамат, а истовремено и да не воодушеват со своите размислувања.Составот на едно осмоодделенче на тема „Добро одне

Пронајдете не на следниве мрежи: