Ова е битолчанецот од Кравари што го освои Холивуд

Огромниот бел “кадилак” со американски реигстарски таблички воопшто не се вклопува во амбиентот на селската периферија во Кравари и навистина е чудно насаден во тесната каллива уличка.Но, тој е и најпрецизен патоказ, ако сака човек без прашување да најде каде во ова село, малку јужно од Битола, живее светскиот патник, човекот кој поживеал и во џет-сетот на Холивуд и дефинитивниот повратник во стариот крај, Спасе Поповски, или Стив Поп за холивудската филмска индустрија, или Роки Поп, за светот на австралискиот и американскиот професионален бокс.“Од пензијата што ја остварив во Америка и од хонорарите за авторски права во филмовите и во телевизиските серии во кои настапував во Холивуд што сў уште ми доаѓаат, во моето Кравари живеам дури и поубаво од млада риба во бистра вода. Понекогаш навистина ја сонувам Америка, го сонувам Холивуд, камери, филмски мегаѕвезди и себеси меѓу нив, но веќе не мечтаам по тој свет. Јас своите соништа убаво ги отсонував, а овој мир е единственото што долго ми недостасуваше. Убаво ми е кога ќе помислам дека оваа Нова година ќе ја гледам на телевизија, дома, меѓу ѕидовите што ме стоплиле кога прв пат уплашено и плачејќи сум тргнал да го запознавам светот”, вели сега Спасе Поповски.Тој признава дека во почетокот тешко можел да го замени нашминканиот блесок на Холивуд со селскиот традиционализам во Кравари, но дека успеал само затоа што се зарекол дека никогаш повеќе нема да замине. Затоа што “дома си е дома и никаде не е како дома”. “Не можев во почетокот да сфатам зошто петелот на мојот комшија мора да кукурика толку рано и токму под мојот прозорец. Едно утро го убив со еден единствен истрел, па си навлеков закани со полиција, со суд… Една здодевна мачка секој ден упаѓаше низ отворениот прозорец и редовно прва пробуваше од мојот ручек. Дури кога ја застрелав, истиот комшија кажа дека и таа е негова. Јас културно се извинив”.
“Ех,таа Америка… Ме повлече кога имав помалку од 17 години и само половина учителска школа, па таму морав да кажам дека имам 18 полни, за да добијам работа. Прво во Њу Џерси, како обичен фабрички работник. Со нула англиски, и со прво влегување во фабричка хала. Подоцна станав бравар на голем дребонг. Бев пролетер сў до првата средба со една убавица од полско потекло, која не знам зошто, веднаш пресудив дека не му припаѓа на светот зад фабричките машини и дека треба да ме има на насловните страници на шарените магазини. Таа го запали мојот холивудски сон”, ги враќа Спасе Поповски своите американски години. Во Чикаго сосема случајно влетав во училиште за ликовна уметност, па и денес правам масла на платно за кои некои велат дека имаат вредност. Ама јас и четкичката никогаш не станавме најдобри пријатели”, додава тој по малку носталгично, не можејќи ни самиот да разбере зошто себеси продолжил да се бара во толку многу различни светови, меѓу уметниците, спортистите и луѓето од модните писти.
“Бев сликар, а некое време и второлигашки фудбалски голман, кога решив да и речам збогум на Америка, колнејќи ја за неостварените соништа. Во Мелбурн, Австралија, сфатив дека можам да се искачам и на боксерскиот ринг. Во 1974 година, добив и лиценца за професионални борби во велтер категорија. Боксував со ракавици во шест унци, од кои лесно се завршуваше во болница и кои подоцна беа строго забранети. Во Австралија ми недостасуваше побрзиот американски ритам, па во Флорида се вратив како професионален боксер со многу надежи. Убаво звучеше да се викаше Роки Поп, а Френк Сталоне, брат на Силвестер Сталоне, ме уверуваше дека многу нешта од мојот боксерски стил неговиот голем брат ги вградил во филмскиот боксерски серијал “Роки”. Мојата несреќа беше во тоа што не најдов добар менаџер, па боксот го престроив на рекреативниот колосек. Заминав во Калифорнија”.
“Бев на дофат на сите мои желби од кои се инфицирав уште во Њу Џерси. Сретнав човек кој ме префрли во златни раце, па учев глума кај мајстори на театарот и на филмот. Па дојдоа ангажмани како статист, двојник, па и каскадер. Живеев со двесте на час. Во 1981 година, веќе добивав и улоги со текст. Играв во “Брзиот тркач” и прв пат во живо го видов Харисон Форд. Заработив и 4.500 долари актерски хонорар. Па играв во филмот за Тина Тарнер “Што има тоа врска со љубовта”. За дневно снимање од десетина минути и за текст од две реченици добивав хонорар од 600 долари и играв покрај расната Анџела Бесет. Потоа, се вклучив во “Династија”, покрај славната Линда Еванс, во “Санта Барбара”, “Генерал на болница”, “Беверли Хилс”.
Српскиот печат ме прогласи за сензација кога дозна дека во “Династија” побарал каков-таков ангажман и Раде Шербеџија, но не добил ниту една минута пред камерите. Сў на сў во филмови, ТВ-серии, ТВ-реклами и слично, мојата холивудска кариера заврши со околу 750 ангажмани. Сў уште за нив добивам тенки или подебели чекови, но парите не ми се најважни – се хранам од сознанието дека Холивуд сў уште се сеќава на мене. Душата ми се наполни со милина кога ми се јави и директорката на “Ворнер Брадерс”, Дорис Шабах, со понуда да играм една од поголемите улоги во детективската ТВ-серија “Деновите на нашиот живот”. Таа понуда ме уплаши и јас, македонски, срамежливо, не собрав сила да и излезам пред очите. Никогаш нема да ја прежалам таа можноста и можноста да играм покрај сопругата на Марлон Брандо, Ана Кашмир, и покрај Питер О’Тул, во филм што требаше да се снима во Мароко. Мојата цена во тој непрежален филм беше дефинирана на 60.000 долари”.
“Нема веќе назад. Сето беше маѓија, јас ја сакам таа блескава магија, но повеќе од неа го сакам Кравари. Дури и со петелот и мачката на мојот неажурен комшија”.
Спасе Поповски планира да го поправи својот американски “кадилак”, но само како спомен за американскиот сон. Америка, вели тој, веќе ја истерав од срцето, оти дома си е дома и никаде не е како дома.
Извор: Утрински весникНо, тој е и најпрецизен патоказ, ако сака човек без прашување да најде каде во ова село, малку јужно од Битола, живее светскиот патник, човекот кој

Пронајдете не на следниве мрежи: