Ова се најплатените професии во Македонија, кој зема плата од скоро 100.000 денари?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017-та година просечната нето плата изнесувала 23.196 денари што во споредба со претходниот месец изнесува за 163 денари помалку.Со месечно покачување од  82 проценти, вработените во воздухопловството во ноември изминатата година заработиле над 96 илјади денари и со тоа пилотите и другите професионалци од овој сектор се искачија на врвот на најплатени професии во Македонија.
Веднаш по нив се програмерите со плата од над 50 илјади денари, а третото место е резервирано за кадрите од финансискиот сектор. Во претпоследниот месец од 2017-та година, нивните плати изнесувале над 45 илјади денари.
Зад нив се вработените во фармацевтската индустрија (42.000 денари) и вработените во телекомуникацискиот сектор (38.000 денари).
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017-та година просечната нето плата изнесувала 23.196 денари што во споредба со претходниот месец изнесува за 163 денари помалку.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2017 година изнесува 23.196 денари. Во ноември 2017 година 1,1% од вработените во Македонија не зеле плата.
Ова се професиите со највисока нето-плата:
Воздухопловен транспорт – 96.116 денари
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 50.248 денари
Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 45.251 денар
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 42.377 денари
Спортски, забавни и рекреативни дејности – 40.193 денари
Телекомуникации – 38.940 денари
Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот – 37.209 денари
Правни и сметководствени дејности – 35.800 денари
Складирање и помошни дејности во превозот – 36.556 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 36.446 денари
Дејности на организации врз база на зачленување – 34.893 денари
Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето – 31.673 денари
Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување – 35.113 денари
Останати стручни, научни и технички дејности – 32.519 денари
Вадење руди на метал – 31.525 денари
Информативни услужни дејности – 31.588 денари
Поправка и инсталирање на машини и опрема – 31.425 денариСо месечно покачување од  82 проценти, вработените во воздухопловството во ноември изминатата година заработиле над 96 илјади денари и со тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: