Пандо Кљашев

Пандо Кљашев е роден на 29 септември 1882 година во револуционерното село Смрдеш, Костурско..Пандо Кљашев е роден на 29 септември 1882 година во револуционерното село Смрдеш, Костурско. Во своето село Кљашев учел до четврто одделение во егзархиско училиште, а потоа образованието го продолжил во Костур, Солун и во Битола, каде во учебната 1899-1900 г. завршил гимназија. Првото запознавање со Организација било во Солун во 1898-1899 г. Во тој период почнал да го гради сопствениот револуционерен идеал. За време на распустот го напуштил Солун и заминал за Битола каде го завршил последниот клас, имал среќа да учи од Даме Груев и Михаил Герџиков, кои тогаш биле учители воБитола. Првото дејствување на терен како агитатор на Организацијата го имал во родното село летото 1900 г. Во тој период веќе биле поставени темелите на МРО во Костурско.
Во 1900-1901 г. Кљашев бил поставен за учител во с. Смрдеш, по што почнал активно да учествува во градењето и во ширењето на Организацијата. Во 1900 г. во овој реон била формирана и првата организациона чета на чело со војводата Коте Христов од с. Руља, со кого подоцна Кљашев и останатото костурско раководство биле во постојан конфликт поради неговиот разбојнички карактер и шпионската соработка со грчкиот костурски митрополит Каравангелис.
Во септември 1902 г, костурското раководство се нашло пред нов предизвик, во нивниот реон од Бугарија дошол полковникот Јанков, родум од с. Загоричани, со чета испратена од Врховниот комитет да крева востание.
Тоа требало да биде синхронизирано со т.н. Горноџумајско востание. Најзаслужни што оваа акција имала поинаков тек и со ограничени размери, биле Пандо Кљашев и Васил Чакаларов. Двајцата постојано вршеле контраагитација по селата кои ги посетувал Јанков, им објаснувале на селаните дека ќе има востание, но не кога сака Бугарија и Цончев, туку кога за тоа ќе се подготви македонскиот народ и кога ќе одлучи Организацијата. За време на илинденското востание, 
Костурско бил најдобро подготвениот реон, излегле најголем број четници, а населението масовно се одѕвало на повикот за востание испратен до сите села од ова подрачје.
Борбеност и пожртвуваност костурчани покажале и во другите реони од Битолскиот округ, дејствувале во Леринско, Мариовско и делумно во Воденско. За време на востанието Кљашев бил еден од најагилните, како дел од казнената чета во која биле и останатите раководители, постојано го обиколувал реонот, вршел координација со другите подреонски и селски чети, го одржувал моралот на населението на висок степен, но и сурово се однесувал кон непријателите на народното дело.
Како војвода Кљашев учествувал во најголем број од битките, најчесто во првите редови нештедејќи го животот за Македонија и за слобода на својот народ. Бил дел од ослободувањето на Клисура и на Невеска, учествувал во ослободувањето на неколку села во кои биле сместени османлиски гарнизони, држел говори во селата и на населението им ја објаснувал целта на востанието и судбинските моменти за македонскиот народ.
Поради огромната војска, која го чешлала теренот во Костурско, раководството одлучило четите да се поделат. Чакаларов заминал во Нестрамско и Кастенаријата за да го прошири востанието во тој дел, а воедно да им го привлече вниманието на војската од Корештата и од Пополе. Поп Трајков, Иван Попов и Манол Розов со околу 500 четници прво се упатиле кон Леринско, за потоа кон Воденско и Мариовско каде се воделе тешки борби.
Од раководството само Кљашев останал во Корештата и со сите расположливи сили се обидувал да го заштити населението од зулумите и колку-толку да го одржува востанието во реонот. Ситуацијата станувала неподнослива, Кљашев во своите спомени забележал: Од 17 септември до 17 октомври, Турците немилосрдно не прогонуваа. Следуваа провали, предавања на пушките, складирање на пушките.
На 17 октомври Кљашев со Чакаларов и уште 20 души ја напуштиле Македонија и заминале за Грција. Двајцата раководители преку Крф и Трст дошле во Белград, a од таму на 6 октомври Кљашев пристигнал во Софија.
Од останатите раководители и попознати војводи во Костурско останал само Митре Влаот, а другите заминале за Софија, а Манол Розов и Лазар Поп Трајков загинале.
Штом стивнала ситуацијата во востанатите реони Кљашев од Софија побрзал да се врати во Костурско. Неизвесноста и совеста го натерале Кљашев да се врати меѓу своите, нему населението му било поважно отколку внатреорганизациските расправии и делби кои настанале по Илинденското востание.
Во пролетта 1904 г. тој се вратил Кљашев во Костурско. Ситуацијата од пред востанието била сосема изменета: разурнати села, иселување на населението, убиствата, грабежите и силувањата оставиле траен белег во меморијата на населението, вербата кон Организацијата кај голем број селани била изгубена, раководните тела по селата уништени итн. Покрај османлиската власт Организацијата добила нов, уште пожесток противник – грчката вооружена пропаганда, која почнала да дејствува во Македонија, а Костурско претставувало трн в око за Грција и за нејзините аспирации кон Македонија.
Покрај Кљашев, во Костурско, од старите војводи дејствувале Митре Влаот, Атанас Кршкаков и други помалку познати. Почнала да се обновува организационата мрежа, селската милиција, која многу успешно се спротивставувала на андартските напади и успеала да им нанесе големи загуби.
Сепак, овој дел од Македонија најмногу настрадал од Грците (крвавата свадба во с. Зеленич, ноември 1904 г. и колежот во с. Загорични, 25 март 1905 г, национален празник на Грција). Во 1906 г. Кљашев бил избран за член на Битолскиот окружен комитет. Тој постојано се движел и агитирал низ Костурско.
Смртта го затекнала при една обколка низ костурските села, заедно со 14 соборци херојски, загинал во битка со османлискиот аскер над с. Дреновени на 13 август 1907година.
Пандо Кљашев е роден на 29 септември 1882 година во револуционерното село Смрдеш, Костурско. Во своето село Кљашев учел до четв

Пронајдете не на следниве мрежи: