Пелагониските компании бараат можност за инвестирање во слободната индустриска зона

Еднакви развојни можности, и опција за извозно ориентираните локални компании да инвестираат во слободната економска зона, бараат компаниите од пелагонискиот регион. На средбата со претприемачите и менаџерите на малите и средни компании од прилепскиот регион, организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија, беше разговарано и за тековните, актуелни проблеми и предизвици со кои се соочуваат компаниите од овој регион.Целта на средбата е унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании.
„Одржуваме постојани контакти со нашите членови, спроведуваме истражувања, анализи и мерење на состојбите во разни сфери на општественото делување на локално, национално и регионално ниво со што сме релевантен катализатор на изразувањето на деловната заедница и поттикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата. Со промовирање не концептот на одговорно водење бизнис, ја поттикнуваме одржливоста на економијата и долгорочниот развој на компаниите. Овие директни средби само одат во прилог на тоа, го зголемуваат нашиот делокруг и го интензивираат нашето дејствување и конкретните чекори во реформските зафати, законските измени и економските стратегии, со цел обезбедување на продуктивна бизнис клима“, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.
Создавањето на предлог политиките, како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Бизнис Конфедерација на Македонија организира серија вакви средби и промотивни настани во повеќе градови и региони од државата, во кои се вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери.Целта на средбата е унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании.
„О

Пронајдете не на следниве мрежи: