Платиле пет шолји кафе, но испиле само две…

Еднаш, мој добар пријател ме одведе во кафуле…Беше топол летен ден. И вратите и прозрците насекаде беа ширум отворени. Влеговме во едно кафуле близу железничката станица. Додека бевте таму, двајца мажи се приближија до касата и рекоа:
„Пет шолји кафе ве молам. Две за нас, а останатите нека бидат на почек.“ Мажите седнаа на маса, и испија две шолји кафе , но платија за пет!
„Какво е тоа кафе на почек?“ Го прашав мојот пријател. „Почекај малку, ќе видиш,“ ми одговори.
Тогаш, влегоа повеќе луѓе. Едни девојки нарачаа две шолји кафе, си платија и си заминаа. Следната нарачка ја направија двајца адвокати, кои побараа седум шолји кафе:
„Ние ќе пиеме три. Останатите четири се на почек,“ рекоа тие, и платија за седумте кафиша. Потоа влезе еден млад дечко, нарача две шолји, испи една, а плати за двете.
Седевме во кафулето до пладне. Вратите беа отворени. Погледнав надвор во сончевиот плоштад, кога забежав силуета како се приближува до вратата. Кога веќе влезе во кафулето, забележав дека тоа е сиромашен човек, кој личеше на просја.
Откако влезе во кафулето, праша:
„Дали имате кафе на почек?“
Беше едноставно: луѓето купуваа кафе за оние кои не можат да си дозволат.
Ова многу ме трогна, и секогаш кога поминував покрај тоа кафуле, плаќав за шолји кафе на почек…Беше топол летен ден. И вратите и прозрците насекаде беа ширум отворени. Влеговме во едно кафуле близу железничката станица. Додека бевте таму, два

Пронајдете не на следниве мрежи: