По 100 години се врати ОПАСНА БОЛЕСТ: Секоја недела има по 600 нови заболени!

Болеста, која претставуваше една од водечките причини за смрт во викторијанското доба во Велика Британија, повторно бележи пораст. Станува збор за шарлахот. Иако шарлахот повеќе не е смртоносен и може да се третира, лекарите се изненадени што болеста повторно се појави и тоа во поголем број случаеви.Шарлахот го предизвикува бактеријата Streptococcus pyogenes, а најчесто ги погодува малите деца бидејќи имунитетот им е послаб. Оваа болест предизвика голем број смртни случаи во 19 век и потоа скоро во целост е искоренета.
Меѓутоа, бројот на заболени нагло се зголемил и во периодот од септември 2013 и март 2014 година беа забележани 2.830 заболени, а од септември 2015 до март 2016 година бројот на заболени беше дури 6.100 болни; 600 нови случаи се откриваат секоја недела, што претставува најголема стапка на заразени во последните 50 години.
Оваа заразна болест лесно се шири меѓу помладите деца од десет години, кои меѓусебно се во близок контакт во училиште или на детските игралишта.
За шарлах не постои вакцина, а болеста се лекува со антибиотици кои треба да се земаат околу десет дена. Но, доколку не се лекува, болеста може да доведе до разни компликации и други опасни состојби како што е воспалението на белите дробови.
Затоа, родителите се предупредуваат внимателно да ги набљудуваат симптомите кај децата и ако забележат било кој од нив, веднаш да посетат лекар.
Главни симптоми:
– болки во грлото
– температура
– осип
Осипот е испакнат и црвен (изгледа како брус хартија), кој исчезнува кога ќе се притисне. Главно се појавува на вратот, градниот кош, под рацете, лактовите и во внатрешноста од бутините. Осипот не го погодува лицето кое е опфатено со црвенило.
При закрепнувањето, кожата обично се лупи на прстите од рацете и нозете.
Во почетокот, јазикот може да има бел слој со зголемени црвени папили кои се опишани како јагодест јазик. Потоа, кога ќе отпадне белиот слој, целиот јазик ќе изгледа темно-црвен. Тоа се нарекува малинест јазик.Шарлахот го предизвикува бактеријата Streptococcus pyogenes, а најчесто ги погодува малите деца бидејќи имунитетот им е послаб. Оваа болест предизв

Пронајдете не на следниве мрежи: