Поддршка за Македонскиот музеј од Министерството за култура

Жалиме што г. Роберт Алаѓозовски, со којшто не сме имале никаква комуникација, на пресот одржан пред објектот на Музеј на Македонија на ден 25 јануари 2017 година даде свое мислење со кое не се сложуваме. Сакаме да ја информираме јавноста дека комплексниот објект на Музејот на Македонија е изграден пред педесетина години и дека со оглед на сложените состојби, и во смисла на кондиција на објектот, се судира постојано со проблеми кои се разрешуваат и во таа насока музејот добива голема поддршка од надлежното Министерстерство за култура, се вели во реакцијата на Музејот на Македонија.
 Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Музејот на Македонија.
Околу некои посочени наводни проблеми сакаме да информираме дека:
Во музејот е изведен проект за санација на кровот над изложбените сали пред неколку години, а проблемот со протекувањето во административната зграда, за кој и некои од вработените кажаа дека е присутен повеќе од 15 години, е отстранет и решен. Министерството за култура, покрај проектите што се однесуваат на презентацијата на културното наследство, едукацијата на младите граѓани и работата со лица со посебни потреби, учеството на вработени на стручно-научни форуми во земјата и во странство, дава целосна подршка на предложените проекти за заштита на културното наследство преку препарараторско-конзерваторски зафати и подржува проекти за средување и осовременување на депоата во музјот. Треба да се земе во предвид фактот за габаритот на просторот за кој зборуваме и за реалните можности колку во текот на една година може да се одработи во таа насока. Сепак музејот при таквите зафати ги почитува и процедурите за контрола на движење на невработени во музејот. За последните две години се средени подните површини во депоата во музејот кои се простираат на околу 1200 метри квадратни и околу 3300 метри квадратни ѕидни површини во истите простори. Тоа е еден сегмент од превентиванта заштита на музејскиот фонд. И во тековната 2017 година Министерството во објавената годишна програма се изјаснува дека продолжува со подршката за средување на депоата во музејот.
По решавањето на проблемот со протекување во административната зграда во сите канцаларски простори е отстранет педесетгодишниот теписон и поставени се нови подови. Годинава целосно ќе бида досреден и подот во еден од ходниците на музејот.
Покрај тековно предвидените работи музејот, како и многу други објекти се судрува и со проблеми на инфраструктурата во поширока смисла. Таков беше случајот со појавување на вода на дел од подот во етнолошката поставка. По лабораториските анализи на влагата се испостави дека станува збор за вода од дефект на водоводната мрежа над објектот. И тој проблем е отстранет.
Музејот на Македонија со целосна подршка од Министерството за култура во последните години реализира две постојани поставки, една посветена на прогонетите Македонци од делот на Македонија, кој сега е во рамките на Грција и постојаната етнолошка поставка во комплексот Македонско село во Нерези. Во таа насока е и разбирањето и подршката на Министерството за култура и за проектите за реновирање и осовременување на постојаните поставки-етнолошка и историска во музејот. Во последните две години е изработена проектна документација на ниво на основен проект со чија реализација целосно ќе се реновира и осовремени етнолошката поставка, која во најголем дел ќе го задржи постоечкиот музејски концепт. Исто така изработена е и проектна документација на ниво на основен проект за реновирање на изложбените сали историја. Со тоа ќе се доразрешат и проблемите со застарените инсталации во просторот.
За прашањето на кондицијата на платото меѓу двете институции – Музејот на Македонија-Скопје и Националниот конзерваторски центар-Скопје од страна на Министерството за култура е задолжен Националниот конзерваторски центар, што значи дека најверојатно и тој проблем е во фаза на решавање.Навистина после таквото разбирање и подршка од страна на Министерството за култура кон Музејот на Македонија е жалосно да се коментираат работите во обратен правец.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Музејот на Македонија.
Околу некои посочени наводни проб

Пронајдете не на следниве мрежи: