Положбата на Македонците под Кралството на СХС – Кралството Југославија

И во Грција и во кралска Југославија, при спроведувањето на политиката на денационализација и асимилација, најмногу внимание се посветувало на промената на демографските карактеристики на населението.И во Грција и во кралска Југославија, при спроведувањето на политиката на денационализација и асимилација, најмногу внимание се посветувало на промената на демографските карактеристики на населението. Во кралска Југославија се настојувало тоа да се постигне преку колонизација на население од другите делови на Југославија. Во Македонија нив ги населувале на места со стратегиско значење. Целта на таа мерка била да се контролира движењето на македонското население, но и успешно да се влијае на процесот на неговата србизација. Целокупната активност на државните органи на Југославија во вардарскиот дел на Македонија била потчинета на остварувањето на таа цел. Во економијата селскиот труд бил подложен на безмилосни даноци и глоби, немало инвестиции за развој на индустријата, на патната инфраструктура итн. Особено образовната политика била во служба на асимилаторските цели. Освен основно образование, кое било донекаде организираното, имало и средно, на кое му се посветувало многу мало внимание, додека стручно средно образование воопшто и не постоело. Од високото образование постоеле само Филозофскиот факултет во Скопје, како клон на Белградскиот универзитет. Образовната програма исклучиво и била подредена на намерата да се создаде српска свест кај младите поколенија. Наставата се изведувала исклучиво на српски јазик, и тоа предимно со наставен кадар доведен од други делови на земјата. Просветниот кадар од македонско потекло циклично бил преселуван во Србија и во Црна Гора.  Фактички, од почетокот на 1921 г., со воведувањето на вонредната уредба, таканаречена „Обзнана”, па се до 6 јануари 1929 г., во вардарскиот дел на Македонија постоел воен режим. Тука бил концентриран огромен број од безбедносните сили, во прв ред од жандармеријата. На сите поважни места во Македонија биле изградени жандармериски станици. Напоредно со жандармеријата и војската постоеле бројни паравоени организации, како таа на Јован Бабунски и други. На одредени места во некои региони било забрането секакво движење на луѓето, од зајдисонце до изгрев. Владеел безмилосен терор и биле организирани масовни судски процеси. Типичен пример во тој поглед претставуваат судските процеси по убиството на еден српски генерал во Штип, против група студенти во Скопје (1928 г.), процесот во Ресен, бројните политички убиства итн.  За состојбите што владееле во овој дел на Македонија најдобро зборуваат следниве податоци. Во 1924 г. владата на Љуба Давидовиќ во Македонија амнестирала 18.000 затвореници. Од воспоставувањето на српската власт во Македонија до 1930 г. за политички дела биле обвинети 50.000 лица. За десет години биле извршени 1.400 политички убиства, а 14 села биле запалени од жандармеријата и контрачетите. Парадигма на тероризмот претставува нападот на 3 март 1923 г. на селото Гарван во Радовишко, извршен по наредба на жупанот Добрица Матковиќ. Тогаш биле убиени 28 селани.  Без оглед на комплексноста на политиката на денационализација и асимилација, за чие спроведување биле ангажирани сите сегменти на српскиот политички, образовен, паравоен, економски итн. систем, посакуваната цел не била постигната. Најдобра потврда за тоа претставуваат употребата на масовниот терор, огромната концентрација на војска, на жандармерија и на други паравоени сили, забраната на секаква невладина политичка активност итн. Но тоа не било карактеристично само за ситуацијата во вардарскиот дел на Македонија. Истото се случувало и во другите несрпски делови на кралска Југославија. Поради тоа, во почетокот на 1929 г., режимот од вонредната уредба донесена во 1921 г. бил заменет со воведувањето на познатата Шестојануарска диктатура. Со неа во земјата биле забранети сите политички активности, дури и активноста на прорежимските српски партии. Со прогласувањето на Шестојануарската диктатура (1929 г.) од политичката сцена изчезнале и сите дотогаш форми на денационализација и асимилација. Тоа не значи дека била напуштена политиката на денационализација и асимилација. Таа во практиката била заменета со обид тоа да се постигне затскриено, низ пројугословенска и космополитска содржина. Се создале нови друштва и здруженија со нови имиња, без национални обележја итн. Но практиката за прогонување и преселување на учителите Македонци во други делови на кралска Југославија и обратно продолжила. Не само учителите туку и малубројните македонски интелектуалци, писатели, публицисти, лица со високо образование, кои пројавувале храброст и наоѓале начин да го афирмираат културното наследство на македонскиот народ, биле протерувани во други делови на земјата. Таков е случајот со членовите на Редакцијата на списанието „Луч”, потоа со интелектуалците од редовите на МАНАПО итн.  
Извадок од книгата:ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
И во Грција и во кралска Југославија, при спроведувањето на политиката на денационализација и асимилација, најмногу внимание се посветувало на пром

Пронајдете не на следниве мрежи: