Порибување на Мавровско Езеро и Радика со петнаесет илјади парчиња поточна пастрмка

Вработени во националниот парк „Маврово“ денеска извршија порибување на Мавровско Езеро и долниот тек на реката Радика со петнаесет илјади парчиња поточна пастрмка.Парчињата со тежина од околу 5 грама денеска беа пуштени по долината на Радика на местата Сенечки ливади, Состав на река и езерото „Камп“ и браната во селото Леуново.
Како што информираа од НП „Маврово“, рибниот подмладок од видот Salmo faroides е набавен од репродуктивниот центар „ШУМ“ од Струга со кој паркот има повеќегодишна соработка.
– Вклучувајќи го денешното порибување, во водите на Националниот парк „Маврово“ изминативе осум години се пуштени 290.000 парчиња поточна пастрмка што претставува доказ дека паркот се грижи за рибниот фонд и постојано превзема мерки за негово зголемување. За заштитата и зачувувањето на рибниот фонд во Националниот парк Маврово се грижат 17 лиценцирани рибочувари вработени во паркот, информираат од НП „Маврово“
Според програмата за работа на паркот, овие активности ќе продолжат од која се очекува зголемување на рибниот фонд што ќе придонесе за развој и унапредување на спортскиот риболов како една од активностите за развој на туризмот.Парчињата со тежина од околу 5 грама денеска беа пуштени по долината на Радика на местата Сенечки ливади, Состав на река и езерото „Камп&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: