Познат невролог објасни како медитацијата ГО МЕНУВА мозокот!

Дали имате проблеми со „мајмунски ум“? Дали и Вашиот мозок е немирен, неуморен, каприциозен, збунет, неодлучен и тежок за контролирање? Ако одговорот на ова прашање е потврден, тогаш дефинитивно си имате работа со „мајмунски ум“.Ако ви треба повеќе мотивција за да ја совладате медитацијата, неврологијата покажа дека оваа навика може да предизвика невропластични промени во сивата материја од мозокот. Група невролози од Харвард, решија да испитаат дали медитацијата навистина му помага на мозокот да се развие. Верувале или не, структурата на мозокот се менува само по осум недели од медитирањето.
Д-р Сара Лазар, која е еден од авторите на студијата, го кажа следното:
„Иако медитацијата во пракса се поврзува со чувството за спокојство и психичка релаксација, невролозите веќе подолго време тврдат дека медитацијата исто така ги подобрува когнитивните и психолошките способности на човекот“.
За да ја тестираат оваа теорија, невролозите вклучиле 16 лица во истражување кое траело 8 недели. Овој вид „курс“, на почетокот ветувал дека ќе им ја подобри благосостојбата на пациентите и ќе го намали нивото на стрес. Секој учесник добил аудио снимки кои содржеле 45-минутни вежби (запознавање со потребите на организмот, јога и медитација) и им било наложено секој ден да вежбаат во своите домови. А за да внесат поголема сконцентрираност во секојдневието, тие ги информирале кандидатите секој ден да се држат до исти активности, како на пример: јадење, шетање, миење садови, туширање итн. Во просек, учесниците требале да потрошат барем 27 минути на некоја од овие активности.

Подоцна биле направени снимки на мозоците на кандидатите со магнетна резонанца „пред и по завршувањето на тренингот“. По завршувањето на курсот, резултатите од снимките на сите учесници покажале значително подобрување во мозочната активност и перцепцијата.
Она што е интересно е дека дошло до значително подобрување во деловите од мозокот кои се задолжени за меморијата, регулацијата на емоции, когнитивната функција, па дури и говорот!
Д-р Брита Хулзел, која е водечки автор на студијата, рече:
„Фасцинантно е да се види дека мозокот може да се менува со практицирање на медитација. Со тоа играме поактивна улога во менувањето на мозокот и ја подобруваме нашата благостстојба и квалитетот на животот“.
Сара Лазар додаде:
„Ова истражување демонстрира дека промените во структурата на мозокот можат да донесат многу придобивки, но и дека луѓето воопшто се чувствуваат подобро кога ќе најдат време за релаксација.“
Погледнете го видеото:
Ако ви треба повеќе мотивција за да ја совладате медитацијата, неврологијата покажа дека оваа навика може да предизвика невропластични промени во с

Пронајдете не на следниве мрежи: