Прашањето за името и новиот државен удар во Грција

Зошто Грција не сака да преговара?!
Одговорот на прашањето во поднасловот на оваа колумна, кој се однесува на дологорчните аспекти на проблемот, е јасен и многу пати елабориран.Грција нема интерес да го реши името затоа што се наоѓа во многу поповолна позција од нас како важен стратегиски играч на ЕУ и на НАТО, кои не можат да го загубат својот главенпартнер во Медитеранот поради билатералниот спор со земја која нее членка на двете органзиции, а притоа и не е закана за регионалната или европската безбедност.
Одговорот на прашањето зошто Атина избегнува разговори овие денови кога некои очекуваа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации да се влезе во суштински дијалог е малку покомпликуван. Грција, како ретко кога претходно, има одлично алиби зашто да не го отвора проблемот на реално ниво, како што вицепремиерот и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос сосема очекувано вчера на средбата со колегата Никола Попоски бил порадикален и постуден од многу негови сонародници што претходно биле инволвирани во спорот за името.
Венизелос вчера на средбата со Попоски влегол со друга мака, имено неколку часови претходно бил информиран дека на неговата земја ѝ се подготвува државен удар. Вака дел од грчката јавност, вклучително и делови од јавното обвинителство и врховниот суд, го протолкува писмото на воените специјалци-резервисти и активни офицери кои предложија план од 15 точки за надминување на грчката криза.

 
Што друго можеше да презентира грчкиот министер за надворешни работи во ситуација кога нему и на неговите колеги во владата има се заканува да бидат ставени под „заштита на војската“, како што бараат воените специјалци, групација која имаше храборост за време на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел да излезе и да протестира против најголемиото грчки партнер во ЕУ.
А, што бараат воените специјалци? Во нивниот план од 15 точки, меѓу другото, се бара повлекување на грчката влада и формирање влада на национален спас и оставка од претседателот Папуљас.
Меѓу другите барања, најитересна е точката 10 во која се бара диркетна конфискација на сите германски бизниси во Грција сѐ додека владата во Атина не успее да ги наплати воените репарации од германската окупација од Втората светска војна. За нас
најинтересна е точката 14, според која новата влада по мерка на воените специјалци кои се познати и како авотри и исполнители на песните со кои од маршовите по Солун и Атина секоја година се повикува да се убиваат Македонци и Албанци. Во неа се предвидува заштита од непријателската активност во Егејот, Македонија (грчкиот регион) Епир (на граница со Албанија), Тракија (на граница со Бугарија) и Кипар. Индиректно воените специјалци најавуваат дека доколку дојдат во ситуација да ја креираат грчкта политика, ќе почнат активности против Македонците во Грција, но и против сите кои се сметаат за непријатели, а тоа се сите соседи на Атина.

 
Паралелно со повикот за државен удар, во Грција главна тема со денови е убиството на левичарскиот пејач од страна на Златна Зора, по што на виделина излезе дека неонацистичката органзазија, која е трета политичка сила во земјата, има повеќе од 3.000 члена, кои се органзиирани во 50 специјални групи обучени од специјалните единици на грчката армија и полиција со тајни кампови. Сите тие не се обични бандити, туку се добро организирана групација со хиерархиска поставеност која преку посебен систем се координира од еден центар од лидерот на партијата. Една од тие групи на Златна зора, која го уби пејачот во Керасини, е можеби најдобро организирана, бори 250 члена и меѓу себе комуницира со опрема која ја имаат и легалните полициски и воени единици. За сето ова досега има само 32 предмети против неонацистите, а со изјавите дадени во судот од неколку поранешни членови можно е истрагата да доведе до кривични пријави и апсење на 4 пратеници на партијата што дополнително може да ја искомпликува состојабата кај јужниот сосед затоа што повеќе од јасно е дека Златна зора ќе направи дополнителен хаос доколку некој нејзин член заврши во затвор. Во такви услови илузорно е да се очекува дека Венизелос вчера во Њујорк можеше да каже нешто ново освен да се држи до тврдата црвена линија која поради наведените услови деновиве не е интересна ниту за грчката јавност, уште помалку за Брисел или за Вашингтон. Во ситуација кога светот со Грција се соочува со назадување на демократијата, како што тоа го опишува британската организација „Демос“ во својата анализа, тешко е да се очекува дека решавањето на спорот за името има некаква шанса во месеците пред нас.
Преземено од: Република.мк

Пронајдете не на следниве мрежи: