ПРЕЗЕМЕТЕ МЕРКИ НА ВРЕМЕ: Што местото на мозолчето на лицето говори за вашето здравје?

Иако се појавуваат како реакција на телото од пореметување на организмот, во текот на пубертетот или по породувањето, мозолчињата на лицето можат да се предизвикаат од некоја секојдневна рутина или случување. Ви ја претставуваме картата на лицето и 5-те позиции на кои најчесто се појавуваат мозолчињата а и како можете да ги спречите.Дознајте што ги предизвикува и како може тоа да се спречи!
1.Мозолче на брадата и вратот
Причина: Циклус
Хормоните како што е тестостеронот се менуваат на ниво на менструалниот циклус поради што жлездите произведуваат повеќе себум. Себумот може да да ги затвори порите и да предизвика мозолчиња.
Појавувањето на поголем број од нив може да индицира хормонска нерамнотежа и нередовна менструација или обилно крварење.
Превенција
Доколку имате вакви проблеми со кожата и редовно се борите со производите за проблематична кожа, не чекајте мозолчињата да излегуваат на површина туку препаратите за чистење на кожата користитете ги и недела дена пред циклусот.
2.Мозолчиња покрај работ на косата
Причина: Производи за коса
Производите за коса најчесто се тешки и масни. Токму тие маснотии се спуштаат на вашата кожа поради што и често доаѓа до затварање на порите. Кожата почнува да се „гуши“ што предизвикува настанување на мозолчиња.
Превенција: Избегнувајте нанесување на производите за обликување на косата блиску до коренот и редовно мијте ги рацете во текот на денот а помалку допирајте ја косата. Доколку забележите поголем број на мозолчиња променете го производот за коса а лицето секојдневно чистете го со тоник.

3.Лишаи околу устата
Причина: Исхрана
Некои од киселите намирници како оцет или лимонска киселина можат да ја надразнат вашата кожа и да предизвикаат воспаление. Од друга страна пак, масната храна како чипсот и пржената храна може да предизвика затварање на порите и со тоа да создаде мозолчиња околку устата. Сличен ефект можат да предизвикаат и некои од балзамите или сјаевите за усни, посебно оние кои се нанесуваат со прсти.
Превенција: Секој ден после јадењето устата и лицето околу неа темелно измијте ги или избришете ги со влажни марамици. Користете балзами за усни во вид на стик и нанесувајте ги само на устата а не околу неа. Доколку забележите голем број ма мозолчиња околу усната променете го сјајот или карминот за усни, или престанете да го користите некое време.
4. На образите
Причина: Бактерии и нечистотија
Се што во текот на денот повеќе пати го допира вашето лице, а не е дезинфицирано, е потенцијал за предизвикување на мозолчиња. Најчесто голем виновник е мобилниот телефон кој го допираме повеќе пати во денот до лицето.
Превенција: Во чантата ставете антибактеријски влажни марамици и кога и да се сетите пребришете го мобилниот телефон. Никогаш ама баш никогаш не го допирајте со рака лицето. Ако тоа морате да го направите пред тоа рацете измијте ги со сапун.
5. На носот и челото
Причина: Стрес и напнатост
Напорниот ден преполн со стресни и напнати ситуации е главен виновник за појавување на мозолчињата на овој дел од лицето попознат како Т-зона. Кај стресните ситуации телото започнува посилно да лачи адреналин кој може да предизвика засилено лачење на себум поради што кожата станува заситена и реагира со појавување на мозолчиња.
Превенција: Лицето мијте го барем два до три пати во текот на денот. Доколку знаете дека во идните неколку дена ве очекуваат стресни ситуации, направете детално чистење на лицето со средства против акни и масна кожа.
 Дознајте што ги предизвикува и како може тоа да се спречи!
1.Мозолче на брадата и вратот
Причина: Циклус

Пронајдете не на следниве мрежи: