Принципот на една минута: Јапонски метод против мрзеливост!

Од понеделник ќе почнам нов живот, ќе одам во теретана, ќе вежбам јога, ќе правам склекови…Секој од нас повремено си поставува цели што не ги достигнува, ги пренесува за следниот месец, за неколку месеци, за целата година. Понекогаш, со голема волја и ревносно почнуваме да го правиме она што сме го замислиле, но вежбањето, на пример она во теретана неколку дена во неделата го занемаруваме на подолго време. Зошто се случува ова? Затоа што е големо оптоварување, затоа што станува здодевно, а навиката се уште не е развиена.
Овде влегува во игра методот кајзен или принципот на една минута.
Јапонскиот метод кајзен во суштината ја има идејата човекот да се занимава со конкретни работи точно една минута, но тоа да го прави секој ден во исто време.
Една минута е сосема мало време , и лесно изводливо за секој. Мрзеливоста не стои на вашиот пат. Тие се истите работи што не сте сакале да ги завршите пред половина час, измислувајќи изговори и оправдувања, но со леснотија ќе ги изведете за една минута.
Скокајте на јаже, правете стомачни вежби, правете вежби за очите, вежбајте јога, прочитајте книга на странски јазик, или било што – кога времето е ограничено на една минута, работите не изгледаат така тешко изводливи, а секако, носат радост и задоволство. А правејќи мали чекори, ќе постигнете одлични резултати. Ќе ја победите несигурноста и чувството на вина и беспомошност, и ќе ги почувствувате успехот и слободата.
Инспирирани од чувството на успехот, полека ги зголемувате едноминутните вежби на петминутни, и уште поголеми. Потоа, незабележително ќе стигнете до получасовни вежби. Напредокот е очигледен!
Кајзен настанала во Јапонија. Луѓето од западната култура можеби ќе гледаат на овој метод како на неефикасен, бидејќи на западот е втемелено верувањето дека без многу труд не може да се постигнат добри резултати. Сепак, големите програми одземаат многу сила и енергија, и можат да не донесат резултат.
Принципот кајзен одговара на сите, и може да се примени во многу животни сфери. На пример, јапонците ја користат стратегијата на постепено и често унапредување во сферата на менаџирањето. Останува само уште да почнете да го применувате методот според вашите потреби.Понекогаш, со голема волја и ревносно почнуваме да го правиме она што сме го замислиле, но вежбањето, на пример она во теретана неколку дена во нед

Пронајдете не на следниве мрежи: