„ПРСТИ ДА ИЗЕДЕШ“: Потпечени макарони со мелено месо и шампињони

Потпечени макарони со мелено месо и шампињони

СЕРИЈА НА НАЈЧИТАНИ РЕЦЕПТИ И ТЕКСТОВИ НА ПУЛС24

Еден од најчитаните и споделувани рецепти на ПУЛС24 во минатите 11 години
„ПРСТИ ДА ИЗЕДЕШ“: Потпечени макарони со мелено месо и шампињони

Потребни состојки:

1 пакетче макарони
500 гр мелено месо
400 гр шампињони
1 главица лук
сол, бибер, вегета и малку масло
1 тегла (900 гр) шпагети сос
200 гр рендано сирење (моцарела, но може и друго).

УШТЕ 3 РЕЦЕПТИ КОИ НЕ ТРЕБА ДА ГИ ОДМИНЕТЕ ⬇⬇⬇

Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 200 степени Целзиусови
Тестенините сварете ги во солена вода, исцедете ги и прелијте ги со ладна вода да не се лепат.
Додека тестенините се варат припремете го сосот.
Шампињоните исечкајте ги на тенки ливчиња и додадете го месото. Динстајте на пониска температура додека шампињоните не омекнат.

Кога се ќе биде готово, додадете го шпагети сосот (доматен сос), нека прокрчка па додадете ги макароните. Се фино измешајте па истресете во тавче кое претходно сте го намачкале со путер.
Истурете го ренданото сирење па ставете во рерна.
Печете додека сирењето не се стопи и не почне да добива боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.