Психолозите советуваат: Пофалете ги децата за вложениот труд, не за интелигенцијата

Новото истражување покажало дека децата кои често добиваат пофалби за нивната интелигенција, почесто мамат на тестови.Истражувањето се ослонува на студијата на Карол Двек, кој 40 години го проучувал детското однесување и докажал дека децата кои се фалени поради вложениот труд, а не поради способностите имаат поголеми шанси за успех бидејќи се повеќе мотивирани. 
“Ако децата веруваат дека нивната интелигенција може да се развива, а не дека истата е непроменлива, тие полесно ќе се соочуваат со препреки”, тврди Дек.
Последното истражување покажало дека децата кои добиваат пофалби исклучиво поради интелигенцијата, а не поради трудот, почесто мамат за да ја постигнат целта и да го оправдаат она што се очекува од нив, а тоа е да бидат најдобри.
“Нашето истражување отиде еден чекор понапред со докажувањето дека штетата настанува не само во доменот на мотивација, туку и во моралниот домен. Таквите пофалби ги тераат децата да мамат, со цел да постигнат нешто кое што е зацртано”, вели коавторот на студијата, психологот Гејл Хејман.
Истражувањето било спроведено помеѓу 300 деца. Едната група била добила комплименти поради интелигенцијата, другата поради трудот, додека третата група воопшто не добила пофалби.
Децата биле замолени да не мамат на тестот, а откако останале сами во испитната сала, оние кои добиле пофалби поради интелигенцијата, мамеле и пробувале да дојдат до одговорите кои се наоѓале спроти нив.
Коавторот на истражувањето, Канг Ли, нагласува дека децата на кои постојано им се вели дека се паметни чувствуваат голем притисок постојано да бидат најдобри, што може да доведе и до вакви проблеми.Истражувањето се ослонува на студијата на Карол Двек, кој 40 години го проучувал детското однесување и докажал дека децата кои се фалени поради вло

Пронајдете не на следниве мрежи: