Рациново признание за „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ве известува дека еден од добитниците на „Рациновото признание“ за 2016 година е романот „Невидливи љубови“ од Владимир Јанковски. Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозна книга што е иновација во форма, структура и содржина и што ја одбележала годината помеѓу двете „Рацинови средби“.Комисијата во состав проф. д-р Јелена Лужина, проф. д-р Елизабета Шелева и Димитрие Дурацовски одлучи оваа година наградата рамноправно да ја поделат двајца автори: Владимир Јанковски за романот „Невидливи љубови“ и Сашо Димовски за книгата „Петтото годишно време“.
„Констатиравме како жири дека најинтригантните книги пријавени на годинашниот конкурс – најиновативни 'во форма, структура и содржина', како што стои во конкурсните одредби, ги имаат напишано токму најмладите македонски прозаисти. Годинашното 'Рациново признание' ја поддржува и ја афирмира токму најмладата македонска проза, а жири-комисијата својата одлука ја заклучува со убедување дека македонските издавачи и автори ќе ја препознаваат и во иднина ќе ја поддржуваат токму ваквата профилација на оваа респективна награда“, се вели во образложението за наградата што од име на жири-комисијата го искажа проф. Јелена Лужина.
„Невидливи љубови“ е роман составен од три приказни, во кои авторот преиспитува некои од клучните аспекти на современата љубов: односот меѓу присуството и отсуството, опседнатоста со појавното и со видливото, идејата за Другиот како конструкција и како фикција. Две нетипични бајки за возрасни премостени со една филмски раскажана приказна, во кои како во музичка композиција идеите варираат, се надополнуваат, си противречат или течат паралелно една покрај друга. Бајковидните елементи се комбинирани со речиси сирово реалистички описи и токму во тој спој лежи еден од најпривлечните елементи на текстот.
Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Досега ги објавил книгите: „Огледало за загатката“ (2003, разговори со Влада Урошевиќ), „Скопје со широко отворени очи“ (2008, фотоесеј, заедно со фотографот Иван Блажев), „Лицата на невидливиот град“ (2010, фотоесеи, заедно со фотографот Иван Блажев), „Вечно сегашно време“ (2010, роман) и „Невидливи љубови (2015, роман). Освен како писател, тој на книжевната сцена е присутен и како преведувач, па на македонски јазик превел книги од: Дубравка Угрешиќ, Ијан Мекјуан, Сузан Сонтаг, Џон Фанте, Маргарет Атвуд, Филип Дик, Чарлс Буковски и др.Комисијата во состав проф. д-р Јелена Лужина, проф. д-р Елизабета Шелева и Димитрие Дурацовски одлучи оваа година наградата рамноправно да ја подел

Пронајдете не на следниве мрежи: