Решена е МИСТЕРИЈАТА за исчезнувањето на Путин на 11 дена

Тој ја „скротил“ Централната банка, одржал меѓународни контакти и направил сè за Русија да остане на врвот кога ќе заврши глобалниот економски конфликт.Значи, што се случило со меѓународната и руската економија додека Путин бил „отсутен“ од ТВ екраните?
Кина најави создавање на свои алтернативи на интербанкарскиот платен систем SWIFT за крајот на 2015 година.
– Во декември 2015 година ќе се зголеми економската војна која САД ја води против остатокот од светот на сосема ново ниво.
– Путин ги упатил министерството за финансии и Централната банка да развијат план за финансирање на изградбата на нуклеарни централи на Крим. Како што рекол рускиот министер за енергетика, Александар Новак: „Централната банка ни помага да извршиме финансиска трансакција поради овозможување ликвидност на банките на доверителите… На Централната банка и министерството за финансии им е испратено барање да се развие и презентира финансиски план… зависно од исплатата на камати на кредити, тоа изнесува околу 80 милијарди рубљи“. Според Уставот на Русија, Путин нема право да и` издава упатства на Централната банка. Руската Централна банка е независна, или барем така било досега. Доколку се послуша барањето на претседателот т.е. ако Централната банка почне да го финансира економскиот развој на Русија, ќе бидеме сведоци на една тивка револуција. Исто така, стамбените и земјоделски кредити ќе бидат субвенционирани – тоа е голем успех.
– По одобрување на Владата, Централната банка на Казахстан најави план според кој ќе се изврши дедоларизација на економијата до крајот на 2016 година. Главната цел е да се укине макроекономската нестабилност, која ја создаде валутата на САД. Назарбаев е политичар со голема интуиција и сериозни контакти во Пекинг и Москва. Конечното одобрение на политиката на дедоларизација е јасен сигнал за положбата на Казахстан во контекст на претстоечката акутна фаза на економски конфликти, пишува српски Курир.
– Претседателот Путин на 10 март ја замолил Централната банка на Руската федерација и владата да утврдат можности за создавање на монетарна унија EEU (Евроазиска економска унија). Се смета дека новата валута на EEU – алтин (или евраз) би можела да се појави во 2016 година.
– Голдман Сакс, една од најголемите американски банки, која од сенка ги контролира Федералните резерви и глобалната елита, предвидува дека треба да се купуваат руски обврзници. Да, да, обврзниците на истата онаа држава чија економија Обама упорно се обидува да ја уништи.
– Велика Британија изразила желба да се приклучи во капиталот на Азиските банки за вложување во инфраструктура – меѓународни финансиски институции кои ги основала Кина како алтернатива на Меѓународната банка, контролирана од САД. Лондон туку што го предаде Вашингтон пред целиот свет. Малку е да се рече дека Вашингтон збеснал.
Значи, не е тешко да се погоди со што бил зафатен Путин. Тој ја „скротил“ Централната банка, одржал меѓународни контакти и направил сè за Русија да остане на врвот кога ќе заврши глобалниот економски конфликт.
Засега сè тече според планот. Доказите дека руската економија ги издржала сите притисоци лежи и во фактот дека растот на рубљата ги поби предвидувањата на повеќето западни аналитичари кои не го зеле во предвид главниот фактор за зајакнување на руската валута – примирје во Украина, пишува „Bloomberg”.
Уште еден показател за зајакнувањето на руската економија е изјавата на американскиот милијардер Џим Роџерс, еден од основачите на компанијата “Квантум фонд“, кој смета дека инвестициите во долари и евра е кратковиди, па дека треба да се инвестира во рубљата и рускиот финансиски пазар.Значи, што се случило со меѓународната и руската економија додека Путин бил „отсутен“ од ТВ екраните?

Пронајдете не на следниве мрежи: