„Родена сум без матка и вагина, од надвор се изгледа ОК“

Храбрата Јоана Гианоули проговорила за реткиот синдром кој погодува една од 5000 жени, а поради кој  нема матка ниту грло и  горен дел од вагината…Јоана има 27 години, а поради медицинскиот синдром со кој е родена таа нема матка, цервикс- односно нејзиното грло, како и  горниот дел од вагината. Тој синдром погодува една од 5000 жени, но со  желба да ја тргне стигмта околу ова прашање својата исповед  ја споделила јавно.
„Кога за прв пат го виде докторот, татко ми покажа силно лице. Мајка ми  пак не го поднесе ова толку добро, се обвинуваше самата себе си во  следните 10 години, беше ужасно.
 За тоа воопшто не разговаравме пет години откако  дознавме. Јас не бев во состојба да зборувам за тоа,  се чувствував уништено и  неверојатно кревка. Мојата мајка смета дека е одговорна бидејќи направила нешто погрешно во бременоста, се обидував да ѝ објаснам дека не е до неа- дека е до генот. Тоа е состојба која е стигматизирана , а најболното искуство ми  беше тоа што момчето  ме остави  откако дозна… Бев  верена, имав 21 година и  живеев во Атина. Откако го упатив  вереникот во сите детали  околу својот синдром, ја прекина веридбата. Тоа сега е во минатото и  сега сум ОК.
Изминатите пет години, за среќа, сум во среќна и исполнета врска, тој од самиот почеток знаеше за мојата состојба и  без оглед на се сакаша да биде со мене. Многу сум среќна.

 
 Мајка ми  ме однесе на доктор кога имав 14 години бидејќи  се уште немав добиено менструација, а тој  само ме погледна од надвор и  тоа беше тоа. Дури  на 16 години отидов во болница на преглед и таму заклучија дека немам вагинален тунел и  дека имам Рокитански синдром. Бидејќи сум родена без вагина докторите мораа да ја средат работата по хируршки пат за да можам нормално да се впуштам во сексуални односи.

 Се помина ОК, лежев две недели во болница без станување, а потоа со месеци правев вагинални вежби за да го проширам својот нов вагинален тунел, а сето тоа беше револуционерен  зафат во  тогашната грчка медицина. Вагината која ми ја направија докторите беше мала и  тесна  и ми предизвикуваше болка бри секс, а потоа уште еднаш сечеа за да го „прошират влезот“ во ткивото. Потоа  физички бев ОК, но не баш и  психички. Тоа беше товар, од кој не можете да се ослободите. Имав момчиња кои психички ме злоставуваа а поради тоа со години не можев да остварам нормална љубовна врска. Таа состојба ми  го украде мирот, сигурноста, среќата. Имав огромна празнина која не знаев како  да ја исполнам, која се исполни со срам, вина и  бес.
Сега поминаа 10 години, па иако понекогаш знам да се чувствувам лошо повеќе не се срамам. Сфатив дека тоа не можам да го променам , морам да живеам со тоа. Првите неколку години се борев со  депресија, напади на паника и тага, но сето тоа ме научи на важна лекција- ништо  не треба да се зема здраво за готово. Сето тоа ме направи многу позрела  личност. Ме дефинираше како  човек и не правам планови за во иднина туку  живеам  ден по ден.

 
Многу луѓе  околу мене не знаат за тоа, сакав да го чувам тоа како тајна, а мајка ми  му кажа само на семејството. Не е добро  да им се кажува на сите бидејќи луѓето знаат само да сожалуваат. Не можев да најдам група за поддршка во Грција, понекогаш ми се чинеше како да живеам во Среден век.

Би сакала еден ден да бидам мајка, барем во некој облик, било биолошки преку сурогат  или да посвојам. Мајка не е само онаа која одила, туку и онаа која се грижи за детето. Многу сакам деца, ќе видам како  ќе биде…
Ослободувачки  е кога зборувам за тоа и  сакам да ѝ пружам поддршка на секоја жена која е во иста положба. Во себе пронајдов сила бидејќи сакам д им помогнам токму ним, бидејќи доколку меѓусебно не си помогнеме, тогаш кој  ќе ни помогне? Разговорот за тоа дава сила.Јоана има 27 години, а поради медицинскиот синдром со кој е родена таа нема матка, цервикс- односно нејзиното грло, како и  горниот дел од ваг

Пронајдете не на следниве мрежи: