Ромите сакаат да има попис на населението во Македонија

Предлог законот за употреба на албанскиот јазик дава привилегии и унапредување само на една етничка заедница. Затоа цениме дека овој закон излегува од рамката на граѓански и демократски концепт што е во спротивност со принципите и начелата сочинети во Охридскиот рамковен договор од каде што произлегува предлагањето на овој закон, реагираат од Роми обединети за Македонија„Со ваквиот чекор за излегување од рамката на Охридскиот рамковен договор се креира перцепиција за креирање на нов договор надвор од постоечкиот, каде што ромската заедница, а и останатите не се земени предвид“. РОМ ја укажува својата загриженост на дел од штетите кои би ги предизвикал спроведувањето на овој закон кон ромската заедница: ограничување во образовниот процес од предучилишно до терцијално ниво со потребата од изучување и на албанскиот јазик што значи прекршување на правото за избор, намалена конкурентност на пазарот на труд во приватниот и јавниот секторпоради воведување на дополнителен услов за познавање на албанскиот јазик, затскриена, но присилна асимилација на ромската заедница која живее во општини во која доминатно население е албанското.
„Бидејки немаме јасна слика за структурата за овој предлог закон во однос на тоа дали станува збор за втор рамковен договор или нешто друго, бараме прецизно и јасно дефинирање на сите точки кој се превидени за спроведување на овој предлог закон со што ќе се овозможи појаснување на тоа дали во овој предлог закон се вклучени и другите етнички заедници или пак сме доведени во ситуација каде останатите помали етнички заедници ќе треба да одберат дали ќе ја прифатат платформата на една етничка заеница или пак тоа ќе значи креирање на нова во која ќе бидат застапени останатите помали етникуми кои живеат во Република Македонија
Според нас единствено и вистинско решение за функционалноста и реалноста на овој закон како и понудената платформа ја гледаме во реализирањето на нов попис кој ќе биде спроведен преку креирање на нова напредна методологија за евидентирање на населението преку електронски софистициран софтвер (отисок од прст), сѐ со цел да се добие реална и вистинска бројка на сите етнички заедници во Република Македонија“, соопшти РОМ.„Со ваквиот чекор за излегување од рамката на Охридскиот рамковен договор се креира перцепиција за креирање на нов договор надвор од постоечк

Пронајдете не на следниве мрежи: