Шансите за Шумахер да преживее се 45 проценти?!

Германскиот невролог Уве Келер предупредува дека можно е будењето да не биде правилно и Шумахер да заврши во вегетативна состојба ако мозокот е премногу оштетен.Шефот на клиниката во Гренобл, Жан Франсоа Паен, изјави дека пациентите со повреди на главата какви што има Шумахер имаат 40% до 45% шанси за опоравување.
Михаил Шумахер е во состојба на индуцирана кома, а се верува дека може накусо да биде разбуден во текот на денешниот ден или утре. Комата вештачки се предизвикува бидејќи мозокот, кој претрпел повеќекратни трауми, на тој начин троши помалку енергија. Тим од анестезиолози ја одржува телесната тампература на Шумахер на 34 степени, а лекарите со операција отстранија дел од черепот за да се направи место за отокот на мозокот и намалување на внатрешниот притисок. Ако состојбата се поправи, черепот повторно ќе се спои.
Операцијата траела два часа и лекарите успешно го отстраниле хематомот на левата страна на мозокот.
„Првите три-четири дена по несреќата се многу критични. Постои голема опасност отокот да продолжи да расте“ – изјавил германскиот невролог Уве Келер.
„По три-четири дена опасноста се намалува. Потребни се неколку дена за да се сопре крварењето, но и понатаму никој не може да предвиди дали ќе преживее и како ќе се одвиваат работите. Лекарите сега се фокусирани на интракранијалниот притисок, односно го прилагодиле лекувањето врз основа на тоа дали внатрешниот притисок расте или не“ – објаснува Келер. Во случај внатрешниот притисок да порасне повеќе од крвниот притисок, мозокот би останал без доток на кислород.
„За жал, можно е пациентот да не се разбуди правилно и да заврши во вегетатиШефот на клиниката во Гренобл, Жан Франсоа Паен, изјави дека пациентите со повреди на главата какви што има Шумахер имаат 40% до 45% шанси за опора

Пронајдете не на следниве мрежи: