СМК: Во Македонија има само еден службен јазик и тоа е македонскиот!

Loading...

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев во Сараево од 22 февруари, дека Албанскиот јазик е втор службен јазик во Република Македонија.СМК потсетува дека на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи единствен службен јазик, ни прв ни втор, е само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо!
СМК повикува на доследно читање на членот 7 од Уставот во чиј став 2 се вели, дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, но само како што е определено со овој член:
(1) Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со Закон.
(2) Само во општините и градот Скопје во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата може да се употреби кој било од службените јазици, а подрачните единици надлежни само за тие општини и градот Скопје одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.
(3) Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.
(4) Во органите на државната власт во Република Македонија, односно во Собранието, Владата, Претседателот на Републиката, судовите и јавното обвинителство, службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со Закон. кој веќе е донесен на 13 август 2008 година со согласност на сите пратеници и партии во Собранието! Друг Закон за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и единиците на локалната самоуправа, претставува кршење на Уставот и проширување на јазичните права на албанската етничка заедница во спротивност со Уставот!
(5) Во општините и градот Скопје, јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
СМК потсетува дека Закон за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и единиците на локалната самоуправа веќе е донесен на 13 август 2008 година со согласност на сите пратеници и партии во Собранието! СМК смета друг ваков Закон, претставува кршење на Уставот и проширување на јазичните права на албанската етничка заедница во спротивност со Уставот!
СМК смета дека со јазичните привилегии само на албанската етничка заедница, се врши дискриминација на сите останати малцински етнички заедници и на сите државјани на Република Македонија!
СМК смета дека за употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во општините и градот Скопје, не треба да одлучуваат советите на општините и градот Скопје, туку треба да се донесе Закон во Собранието на Македонија!СМК потсетува дека на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи единствен службен јазик, ни прв ни втор, е само М

loading...