Солунските Атентатори и односите со Македонската Револуционерна организација – МРО и Врховниот Македонски Комитет-ВМК

  Гемиџиите сметале дека тие, како индивидуалисти, како револуционери кои што се готови да се саможртвуваат без притоа да имаат потреба од ангажирање на широките народни маси, ќе можат секој момент да ги реализираат своите планови само ако имаат доволно парични средстваТие никогаш не помислувале дека до пари ќе можат да дојдат на легален начин-преку членски внес, работа или слично. Според плановите што ги имале парите требало да бидат на брз и лесен начин. Првата замисла е да украдат пари од богатиот велешки турчин Аршин Бег, но никако не успеале да влезат незабележливо во неговата куќа. Се правело обид да украдат пари и од други места, но безуспешно. Тогаш се родила идејата до пари да дојдат преку т.н. „откуп“. Коста Кирков и Тодор Богданов, како деца од богати семејства предложиле да бидат „грабнати“, а од нивните родители да се бара откуп за нивното „ослободување“. Тие биле скриени во една куќа во Солун, а на нивните родители им било јавено дека ако сакаат да си ги видат нивните деца живи и здрави да дадат : таткото на Коста 400 турски лири, а на Тодор 200. Таткото на Тодор откажал да ја даде сумата, а додека таткото на Коста, Иван, отишол во Софија во потрага по синот. Во Софија дознал дека децата се живи и здрави и дека штом ќе ја даде определената сума ќе бидат ослободени. Таткото на Коста се поврзал со Гоце Делчев и лично му дал значителна сума или половина од откупот, меѓутоа преговорите се одложиле доста поради тоа што се потрошиле многу пари, а од парите од откупот им останале 20-30 лири. По добивањето на откупот или само на дел од откупот Коста и Тодор биле ослободени. Повеќемина од членовите на кружокот се нашле во Софија, но сепак дошле до заклучок дека со парите од овој откуп неможат да почнат со никаква дејност. Тие паѓајќи во очај поради делумниот „успех“ и согледувајќи ја ситуацијата дека парите ќе им бидат најголем проблем, решиле да си одат во своите родни места, наоѓајќи засолниште кај нивните родители.
Во меѓувреме групата на Славе Мерџанов заминала за Бугарија. Гемиџиите се прибрале во Велес, кај своите родители, но тука не престанале со нивното делување. Се поврзале со месниот комитет на МРО чии главни претставници биле Петре Бошнаков и Трајче Христов. Трајче Христов и Тодор Органџиев во јануари 1900 година отишле во Софија да се сретнат со Гоце Делчев за да го известат за нивната соработка. Гоце Делчев сакајќи да ги стави под контрола и да ги заузда овие темпераментни момчиња се согласил на соработка помеѓу МРО и гемиџискиот кружок. Гемиџиите со цел да ја прошират својата дејност и во другите градови во Македонија користејќи ја врската со Гоце Делчев и МРО, поднеле молба со барање некои од нив да бидат назначени за учители во Штип  и Струмица, но во тоа не успеале. Наоѓајќи се во Велес гемиџиите зимата, 1899-1900година, главно ја поминале во организирање на т.н. зимски седенки, на кои се читало револуционерна и анархистичка литература. Тие воедно ќе се замешаат и во општествениот живот на градот. Во 1899година по иницијатива на велешкиот егзархистички владика требало да се изгради камбанаријата кај црквата Св. Пантелемон и да се соберат пари за помош на црквата Св Стефан во Цариград. Гемиџиите се спротивстваиле на двете иницијативи. Тие испратиле неколку покани до граѓаните залепени на вратите на црквите и училиштата, со кои агитирале дека наместо да се растураат народните пари за камбанарија, да се реновираат урнатите и стари училишта, а парите за црквата во Цариград да се потрошат за просветни цели. Обидите да се снабдат со средства не ги дале потребните резултати. Затоа гемиџиите решиле да ги продлабочат врските со МРО, а особено тесни врски воспоставиле со Трајче Христов. Сметале дека таквите лица можат да бидат од голема корист за нивното дело, а се обиделе да ги придобијат на нивна страна и Христов и Бошнаков. Овие обиди биле безуспешни бидејќи Христов и Бошнаков повеќе биле наклонети кон МРО и не сакале да влезат во кружокот. Кога гемиџиите заминуваат за Солун со нив отишле и Христов и Бошнаков, но брзо ги напуштиле и се вратиле во Велес. 

Неуспешниот обид на гемиџиите да привлечат повеќе луѓе во кружокот од МРО кај нив предизвикало разочарување, но во исто време ја засилило нивната волја да истраат по патот кој тргнале. Соработка со МРО ке има и понатаму се до извршувањето на атентатите и тоа не со било кого туку со Гоце Делчев лично кои сакајќи да ги „заузда“ и да ги синхронизира нивните напади со востанието кое предходело ке им дава голема подржка и морална и финансиски Односите со ЦК на МРО и гемиџискиот кружок на почеток се одвивале со респект но по Солунската провала и промената на луѓето во ЦК ке се измени на лошо. Гарванов новиот председател на ЦК бил во препика со членовите на кружокот а тие самите му се заканиле дека ако некој од ЦК проба да им се меша во работата ке го ликвидираат физички, ке бидат и во превирка со Даме Груев во врска со тоа кога да ги започнат нападите, Груев настојувал тие да бидат синхронизирани со востанието а гемиџиите пак несогласувајки се со ставот на Груев и МРО ги продолжиле плановите по свое.Кружокот одржувал тесни врски со Борис Сарафов кој е Председател на Врховниот Македонски Комитет во Софија во октомври 1899 С. Мерџанов во пловдив се среќава со Манџуков и заедно одат за Софија каде имаат средба со Б. Сарафов близу до црквата с.в Спас каде се наоѓало и седиштето на ВМК со Сарафов било договорено :
-кружокот нема да работи за ничија цел и нема да извршува задачи на никоја друга организација 
– нема да даваат отчет никому и нема да добиваат инструкции од никој ниту од ВМК ниту од МРО
– се задолжиле дека кога ке дојдат до било какви финансии ке му ги вратат на Сарафов на начин на кои тие ке го определат
– комуникацијата помеѓу Сарафов и кружокот да биде на најниско ниво без писма и да не се пишуваат документи каде ке стојат нивните имиња со цел да се заштитат од провала, доколку е неопходно, да комуницираат преку писма испратени по Австриската пошта.
Ова не е единствената соработка со Сарафов, Орцето по неуспешниот обид да ги убеди за финансии ВМК на Цончев-Михајловски тој оди за Женева каде се среќава со Б. Сарафов од него добива голема сума 10 000 лава па дури и му било ветено дека ке добие динамит и тоа 1000 кг. Кружокот остварувал продуктивни контакти само со Сарафов додека конкретно од ВМК не добил никаква значајна помош. Ветените 1 000 килограми динамит од Б. Сарафов биле испратени под форма на антифилоксерин во Дедеагач, каде царинската контрола за разлика од Солун била послаба. За извлекување на динамитот од царинарницата бил ангажиран гркот Евангелијадис за 100 лири, а тој пак бил во добри односи со И. Гарванов и го известил дека тој треба да ја подигне пратката. Гарванов бидејќи бил во спор со гемиџиите побарал преку Евангелијадис динамитот да му се предаде на човек посочен од него. Динамитот бил извлечен од царинарницата, но бил откриен и фатен, воедно и конфискуван при контрола на Османлиските власти, а Евангелијадис побегнал за Атина. Последните количини динамит успешно биле пренесени на релацијата Ќустендил-Кочани-Велес-Солун. Во Кочани пратката ја прифатил Тодор Александров и ја испраќал за Велес, а таму ја прифаќал Т. Органџиев кој со посредство на Атанас Малинкин динамитот бил пакуван во канти за шарлаган и праќан во воз за Солун. На тој начин гемиџиите обезбедиле 283 килограми динамит. Нетрпението за акција било огромно, а стравот од провала уште поголем. Настојувањата на Г. Делчев и Д. Груев да ги убедат гемиџиите дека терористичките акции треба да се усогласат со општиот план на организацијата и да послужат како последно средство за притисок не наишле на разбирање.
Околностите и ситуацијата која во тоа време ги затекнала во Солун ја поттикнале нестрпливоста и нивната решеност да дејствуваат. На улицата под која се наоѓал каналот комуналните власти започнале да копаат и да поправаат канал од градската канализациона мрежа, а тоа можело да доведе до компромитирање на веќе ископаниот канал од страна на гемиџиите. Највеќе ги вознемирила една вест што дошла од странство. Весниците како „le temps“ и „die zeit“ пренеле вест според која МРО планирала да нападне по европскиот капитал во поголемите македонски градови.
Османлиските власти презеле акција за да ги спречат овие напади со тоа што ја зголемиле стражата пред Отоман банката,Bank de salonik, австриската пошта и некои други згради, се разбира, не знаејќи дека нападите може да се случат и на море и под земја. Првата крупна успешна динамитна акција била извршена од Гоце Делчев меѓу 31 март и 1 април 1903 година, во која во воздух бил кренат железничкиот мост кај Ангиста и тунелот кој се наоѓал до него. Австро-унгарската влада ја сфатила мошне сериозно оваа диверзија кај Ангиста и веднаш испратила протесна нота преку грофот Форгач, со која ја предупредил бугарската влада дека таа ќе биде сметана за одговорна доколку се направи некаква штета врз било која австриска компанија во О. Империја. Уште во почетокот на април 1903 година, неколку дена пред почетокот на атентатите грчкиот конзул во Солун-Евгенијадис го известил министерот за надворешни работи во Атина дека ќе претстојат многубројни безредија по македонските градови.
Односот на Гемиџиите со ВМК и МРО е секако близок но идеолошката граница и начинот на водење на борбата се со поголеми разлики, целта на овие организации  е иста- борба за Македонија.
 

 Даниел Божиновски – Историчар 
Тие никогаш не помислувале дека до пари ќе можат да дојдат на легален начин-преку членски внес, работа или слично. Според плановите што ги имале па

Пронајдете не на следниве мрежи: