Sony ја најави новата генерација PlayStation

Јапонската компанија Sony ја најави стационарната конзола за игри од следната генерација PlayStation 4, на којашто ѝ претстои натпревар со сѐ уште непрезентираната конзола Microsoft Xbox од новата генерација.Во моментов, од трите главни производитела на играчки конзоли, Microsoft, Sony и Nintendo, само последниот ја лансираше конзолата од новата генерација – Wii U. Продажба на овој производ започна кон крајот на минатата година.Конзолата PlayStation 4 се заснова на стандардниот хардвер и користи процесор со архитектура x86. Ова треба да е доволно да ја олесни задачата за програмерите на игрите, кои често ја критикуваа комплексноста на создавањето игри за PlayStation 3, кој имаше моќен за своето време, но нестандарден „хардвер“.Новиот гејмпад DualShock 4, со кој ќе биде опремен PlayStation 4, ќе биде значително различен од оние што се користеа претходно. Особено, уредот за контрола на игрите добил сензорска панела и лед диоди на фејсот, кои обезбедуваат регистрација на позицијата на гејмпадот со помош на камерата.Продажба на претходниот модел PlayStation 3 започна во 2006 година. До крајот на минатата 2012 година, Sony продаде во целиот свет околу 70 милиони вакви уреди со различни модификации. Самата компанија соопшти дека проценува оти трајноста на конзолата ќе биде околу десет години.
МакфаксЈапонската компанија Sony ја најави стационарната конзола за игри од следната генерација PlayStation 4, на којаш

Пронајдете не на следниве мрежи: