СОРОС НИ ЈА ИСПИША ИСТОРИЈАТА

„Самите Славомакедонци не знаат што се – Срби, Бугари или некоја друга словенска нација? Војната повторно ќе започне, но народот овој пат треба да го раководат луѓе што се појунаци и поодлучни за да ја тераат војната до конечна победа. Албанците не можат да живеат повеќе со Славомакедонците окупирани во своите краишта“. Овие реченици се дел од книгата „ОНА – порака и надеж“ на Петрит Менај, учесник во војната како дел од ОНА, финансирана и издадена од македонската фондација на Џорџ Сорос – ФИООМ, седум години по војната – во 2008 година. Од истиот Сорос кој во раните 90-ти години н` убедуваше дека имаме проблеми со знамето, на пример.И не само таа. Истата година е издадена уште една со слична тематика – за војната, во која се содржат белешките и дневникот на авторот, исто така учесник во конфликтот – Фазли Велиу, инаку вујко на Али Ахмети и еден од креаторите на ОНА. Во неа јасно се запишани барањата не само за двојазичност, ами и за промена на Уставот во кој треба да се впише „БЈРМ да биде држава на два народа, албанско-македонски или македонско-албански“.
Значи, станува збор за две книги, објавени и на македонски јазик, седум години по крајот на војната, која заврши со примирје оти се потпиша Рамковниот договор. Договор кој донесе мир постигнат со посредство на САД и на ЕУ, а според кој потоа се изврши и симулирано разоружување на ОНА. Велиме симулирано зашто припадниците на албанската паравојска јавно го оставија само старото оружје.
Седум години потоа се објавуваат книги финансирани од ФИООМ во кои се негира македонскиот идентитет, државата се нарекува БЈРМ, Македонците – Славомакедонци, па и се повикува војната повторно да почне, но овој пат до конечна победа. И не само тоа, во книгите се слави и идејата за голема Албанија.
Покрај тоа што во книгите е јасно и повеќе од ден дека албанското прашање во земјата од самиот почеток не било само борба за еднакви права, како што некои тоа на почетокот благопријатно го изјавуваа за Си-ен-ен или за Би-би-си, уште еден апсурд е фактот што тие се објавени на македонски јазик, со пари од Фондација на македонска територија.
Тоа поминало без никаква дискусија, без речиси и некој да чул воопшто за нив. Барем таков е впечатокот по објавата на вчерашниот текст во „Дневник“. Дали политичарите, експертите и надлежните ги прочитале книгите пред тие да бидат отпечатени и пред да се најдат на рафтовите и да полнат библиотеки во училишта? Зошто не се редактирани, тоа било најосновното што можело да се стори. Да не споредуваме со повлечената македонска енциклопедија затоа што не им беше по мерак и по мерка на македонските Албанци.
Со вакви книги Албанците ја пишуваат историјата, тие оставаат пишани траги, и тоа фалсификувани, фиромизирајќи ја државата во која се родиле и создале с` што може да се создаде во еден живот, напишале нова митологија, која само создава почва за нови конфликти.
Оние најприкосновените во Македонската академија на науките и уметностите се плашат да оформат единствен официјален став во врска со моментната состојба во државата. Брзаат да демантираат дека пораките на некои од нив, во кои се критикува тиранската платформа, не се општ став на МАНУ. Ама никако да го оформат. Тие би ги избрале полесните начини на дејствување – да ја префрлат одговорноста на политичарите оти тие се криви. Впрочем, тоа и го соопшти МАНУ кога беше повикана по социјалните мрежи. Веројатно, постојат уште најмалку толку книги со неверојатна содржина и факти што сме си ги објавиле, а за тоа немаме ниту поим. Некој ни ја пишува фалсификуваната историја во нашиот двор, а дежурните чувари на нацијата и на националното седат со очи ширум затворени.
Колумна на Искра Коровешковска за ДневникИ не само таа. Истата година е издадена уште една со слична тематика – за војната, во која се содржат белешките и дневникот на авторот, исто

Пронајдете не на следниве мрежи: