Штипскиот универзитет ќе ги мотивира учениците да сакаат математика

Да се зголеми мотивацијата и желбата на учениците за математика преку нивна проактивност, користење современа ИТ технологија, воведување нови наставни методи и платформи, е целта на проектот што во наредните две години заеднички ќе го реализираат универзитетски професори и наставници од Македонија, Бугарија, Романија и Кипар.
 Професорите кои се дел од Управувачкиот комитет на проектот насловен „Математичка дебата“ денеска го одржаа првиот состанок на универзитетот „Гоце Делчев“.
Според деканот на Електротехничкиот факултет Татјана Пачемска – Атанасова, идејата е да се модернизира процесот на едукација, а еден од начините ќе биде и примена на мобилни апликации за комуникација меѓу учениците од различни земји.
– Сакаме да ја подигнеме мотивацијата кај учениците за математика, да ги ставиме во проактивна улога, да ги прашаме што сакаат да прават, на кој начин сакаат да го учат предметот, каде ние како наставници треба да се промениме, дали можеби треба да се растоварат наставните програми и содржини. Направивме успешна апликација и за тоа побаравме помош од нашите проектни партнери, вкупно седум, меѓу кои и три училишта кои работат со ученици од 11 до 15 години, рече Пачемска – Атанасова, додавајќи дека математиката е меѓу приоритетите на земјите-членки на ЕУ.
Во проектот се вклучени основните училишта „Љубен Лапе“ од Општина Аеродром, училиштето „Свети Климент Охридски“- Аксаково од бугарскиот регион Варна и „Михаие Минеску“ од Романија, универзитетот „Неофит Рилски од Благоевград, Сојузот на истражувачи од Македонија и Сојузот на математичари од Кипар.
– Целите се да го модирнизираме процесот на едукација, работејќи на е-платформа како модерна технологија која би се применувала во наставата по математика, а би се фокусирала на користењето на информатичката технологија и мобилните апликации во меѓусебната комуникација на учениците од различните земји. Давањето помош и поддршка во изучувањето математика, избор на наставните методи, дискусија околу примената на тие методи во практиката, поврзување со реални животни проблеми, совладувајќи притоа некои вештини на комуникација, меѓу кои и јазични кои се исто така битни во процесот на едукација на учениците, се дел од програмските активности, истакна професорката.
Наставниците по математика, оцени, треба да го прифатат предизвикот и да почнат да го менуваат пристапот кон учениците, но да ги менуваат и методите за изучување на нивниот предмет, користејќи ги компјутерите и интернетот.
Според истражувањата на Британската агенција за економија  на пазарот на трудот, на Европа до 2030 година ќе и бидат потребни над два милиона луѓе со математички вештини.
„Математичка дебата“ е поддржан од Програмата „Еразмус плус“  и од Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, а е еден од трите клучни проекти во Акција два, стратешки обуки во обраозвание.Професорите кои се дел од Управувачкиот комитет на проектот насловен „Математичка дебата“ денеска го одржаа првиот состанок на уни

Пронајдете не на следниве мрежи: