Што ве очекува оваа недела: Ракот мора да го скрати јазикот пред колегите, Скорпијата нема да излегува од кафеани

Што ве очекува оваа недела: Ракот мора да го скрати јазикот пред колегите, Скорпијата нема да излегува од кафеаниОвен
Имате многу планови, но резултатите се слаби. Се чувствувате потиштено, ништо не ви оди онака како што би сакале. Би било подобро малку да се стрпите и да почекате подобар период за дејствување. Немојте да се лутите за ситници.
Бик
Вашата потеба за доминација во работното опкружување би можела да ги наруши вашите односи со соработниците кои мислат поинаку. Искористете го периодот да ги поанализирате своите постапки и да ги надминете своите маани.
Близнаци
Доколку сакате да остварите работни контакти во странство, сега е вистинска прилика за тоа. Наскоро ќе почнете да планирате патување, а ви предстои и напредок во работата. Во овој период, ќе имате многу нови планови и поинаков пристап кон старите проблеми. Овој аспект би можел да ви донесе и конфузија и погрешни проценки. Одморете се и престанете да мечтаете.

 
Рак
Одличен период за сите работи поврзани со комуникацијата, преговори и договори. Внимавајте да не кажете нешто непромислено пред поширок круг колеги, некој може да го злоупотреби тоа.
Лав
Избегнувајте судир со авторитете, било да се работи за шефот или личности кои се на ваше општествено ниво. Бидете трпеливи, бидејќи на тој начин ќе можете да го пребродите овој кризен период без последици. Бидете внимателни во комуникација со колегите, внимавајте што зборувате. Помлада личност шири негативни коментари за вас.
Девица
Се трудите да ги завршите обврските на време и да не се оптоварувате премногу со лоши вести. Нема причина за грижа. Стрпете се и уживајте во секојдневните активности. Чувајте се од настинки.

Вага
Користите карток одмор да се одморите и ментално побегнете од работните обврски. Собирате сила за нови проекти за да можете да ги искористите работните прилики. Сепак, имајте в предвид дека работите во текот на овој период ќе одат малку успорено, по принцип два чекори напред, еден назад.
Скорпија
Кој да размислува овие денови за работа, кога постојано се наметнуваат случувања по кафеани и средби со драги луѓе. Работата тука само пречи. Не грижете се, се ќе си дојде на свое, ќе има и пари, само е прашење колку. Иако се добро испланиравте, многу работи ќе ви застанат на пат.
Стрелец
Доколку на работа се трошите емотивно на лица кои не го заслужуваат тоа, ќе си наштетите себе си. Работите не се одвиваат според планираната брзина. Смирете се и штедете ја енергијата за време кога ситуацијата ќе биде поповолна.

 
Јарец
Ситуацијата на работа ветува унапредување и финансиска добивка. Се е во знакот на иновациите и промените. Работните активности постојано се менуваат. Фокусирајте се на она што точно го посакувате за да не се оптоварувате премногу. И сами знаете дека добрите и лошите циклуси постојано се менуваат.
Водолија
Полни сте со енергија и сите обврски ги извршувате на време. Ќе имате многу нови прилики на поле на кариера, но без многу резултати. Очигледно, се уште не е дојдено вашето време. Стрпете се, усовршувајте се, учете од поискусните. Верувајте во себе и својата неверојатност.
Риби
Работната ситуација е под контрола, а поддршката доаѓа од личности од далеку. Сепак, не очекувајте премногу, многу работи можат да тргнат наопаку. Финансиската состојба е стабилна, па затоа нема причина за грижа. Внимавајте на исхраната бидете умерени во се.Овен
Имате многу планови, но резултатите се слаби. Се чувствувате потиштено, ништо не ви оди онака како што би сакале. Би

Пронајдете не на следниве мрежи: