Стручњаците се ЕДНОГЛАСНИ: Еве како киселата зелка да трае до лето!

Битни се следниве компненти – запремнина на бурето, количината на зелка, вода и сол, преточување, температура на просторијата за време на киселењето.Дали ставивте зелка за киселење во буре? Ако не ставивте, побрзајте – бидејќи наскоро понудата на зелка ќе биде помала, а цените високи.
Во продолжение ви нудиме вообичаен рецепт за успешно и квалитетно киселење на зелка.
За киселење се бираат цврсти главици зелка, од кои се отстрануваат надворешните листови. Кочаните се сечат во вид на крст или малку се издлабнуваат.
Битни се следниве компненти – запремнина на бурето, количината на зелка, вода и сол, преточување, температура на просторијата за време на киселењето.
За буре со запремнина од 120 литри потребни се околу 60 кг зелка, зависно од тоа како се редат главиците зелка во бурето. Потоа бурето се полни со вода која треба да ги прелие првите главици на површината. Истовремено во помала чинија со топла вода се става сол за да се раствори. За спомнатата количина на зелка од 60 килограми се става околу 6 децилитри вода и се раствора 2,5 килограми сол.
По неколку часа истурете ја солената вода во буре. Притиснете ги површинските главици да не пливаат (со пластични или вкрстени дрвени даски притиснати со поголем камен). Наредните денови пожелно е да направите неколку преточувања (метод за преточување по избор).
Ако забележите покачена пенливост на скиселената вода, потребно е во бурето да додадете винобран во количина од 5 до 10 грама.Дали ставивте зелка за киселење во буре? Ако не ставивте, побрзајте – бидејќи наскоро понудата на зелка ќе биде помала, а цените високи.

Пронајдете не на следниве мрежи: