Субрата Рој: Се што ќе изградам ќе остане за Македонија

Не треба да има никакви недоразбирања околу проектот ’Љубаништа’. Тој треба да биде перфектен. Ако има потреба, ќе бараме насоки и од УНЕСКО“, вели индискиот бизнисмен Субрата Рој.На прашањето која е целта на Балканскиот мировен фестивал Сахара, Рој вели се одржува првпат во Скопје. Организацијата е спонзорирана од групацијата „Сахара“, под покровителство на Владата.

„Јас ќе бидам еден од говорниците, а меѓу другите, ќе говорат и поранешниот британски премиер Тони Блер и некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон. Ќе присуствуваат лордови на Британското кралство, а ќе има претставници од земјите од регионот. Гости ќе бидат околу педесет светски лидери, поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди… Како што е познато, датумот е избран на денот на роденденот на Махатма Ганди и е прославуван од ОН како Меѓународен ден против насилството. Оваа иницијатива е многу добра, таа ќе биде голема мисија за балканските земји и со неа ќе почне да се запишува една нова историја. Охрабрувачки е што ќе стане традиција. Три балкански земји, од кои две соседни се пријавија да бидат следни домаќини. Кога се има предвид балканската историја, овие земји треба да бидат првите кои ќе создадат клима за борба против насилството и за создавање на мирот“, појаснува Рој.
Кога инвестирате, како што вели индискиот бизнисмен, треба да се чувствувате комфорно, а тоа значи дека треба да имате добри односи со Владата и луѓето да бидат приемчиви, затоа што тоа ви дава можност да се чувствувате пријатно во земјата каде што вложувате.
„Има многу посебни карактеристики кај луѓето во Македонија. Тие се многу позитивни, што е охрабрувачки. Може да се каже дека поради тие причини овде се чувствувам како дома. Не само јас, истото го чувствува и целиот мој тим“, појаснува Рој во интервју за весникот.
Изградбата на луксузниот комплекс може да започне бидејќи одлуката за пренамена на земјоделското земјиште кај Љубаништа, па „Утрински“ прашува до каде е тој проект, а Рој вели дека не е важно да се оцени само неговата пазарна вредност, туку и вредноста на земјиштето.

 
„Битно е да се каже дека некои фази се одвиваат многу брзо, а за некои е потребно време, како што е изградбата на самиот комплекс. Сега ќе се фокусираме кон првата фаза, а тоа е добра маркетинг-стратегија, со цел да се привлекуваат голем број туристи од странство. Таа ќе има глобален пристап и ќе почне да се подготвува во почетокот на следната година“, вели Рој.
Во врска со земјоделскиот комбинат „Џумајлија“ и тој почна со работа, па прашањето е какви се плановите за оваа инвестиција, кога ќе се донесат кравите, на што Рој одговара: целосната инвестиција е предвидена на 211 милиони евра за период од 3 години. „Сахара“ ќе инвестира 60 милиони евра во првите осум месеци, во наредната година уште 70 милиони евра.
Повеќе прочитајте на think.mkНа прашањето која е целта на Балканскиот мировен фестивал Сахара, Рој вели се одржува првпат во Скопје. Организацијата е спонзорирана од групацијат

Пронајдете не на следниве мрежи: