Свет на ѕидови: Како 65 земји градат линии за одбрана од потенцијални закани?

Глобализацијата би требало да ги уништи границите, но земјите стравуваат од можно проширување на тероризмот со напливот на мигранти кои доаѓаат од земјите од Блискиот исток, кои се погодени од разорните војни.Кога Берлинскиот ѕид се урна во 1989 година, во светот останаа вкупно 16 погранични ѕидови.
Денес постојат вкупно 65 ѕидови и огради од кои поголемиот дел се изградени, според пресметките на експертот Елизабет Валет од Универзитетот во Квебек.
Во 65 земји забрзано се креваат масивни ѕидови, вклучувајќи го Белфаст, кадешто тие се нарекуваат „линија на мирот“. Голем број од таквите ѕидови се градат на Блискиот исток, кадешто земјите се обидуваат да се заштитат од можниот ризик за проширување на тероризмот на нивна територија.

Од израелската бариера (или ѕидот на апартхејдот како што го нарекуваат Палестинците), до 4.000 километарската долга граница со бодликави жици што Индија ја гради на границата со Бангладеш, па сѐ до огромните песочни бариери што го одделуваат Мароко од деловите во кои се стационирани бунтовниците во Западна Сахара – ѕидовите и оградите, стануваат популарна опција на политичарите коишто сакаат да ги доведат под контрола миграцијата и безбедноста.
Во јули годинава, Унгарија почна да гради 4 метри висока ограда на границата со Србија за да го доведе под конторла протокот на бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан.
Три други земји – Кенија, Саудиска Арабија и Турција, конструираат гранични ѕидови и огради, со цел да го спречат можното навлегување на џихадистичките групи од Сомалија, Ирак и Сирија.
Македонија се одлучи на похумана варијатна, односно да постави „човечки ѕид“ од полицајци, потпомогнато со бодликава жица за да се контролира влезот на мигрантите во земјата.

Оградата на турско-сириската граница ќе се протега на околу 60 километри.
Но, Турскиот ѕид паѓа во вода според значењето, кога ќе се спореди со повеќеслојната ограда којашто еден ден ќе се протега на површина од 1200 километри од Јордан до Кувајт, на самата граница помеѓу Саудиска Арабија со Ирак – линија за одбрана од ИСИС.
Но, сѐ уште не е точно утврдено дали ѕидовите се навистина ефективни. Некои експерти сметаат дека тие се само илузија со која народите би требало да имаат чувство за сигурност.
Ограничувањата на нивната ефикасност, на пример, видливи се каде што мигранти и бегалци седат на врвот од пограничната ограда на Мароко со малата шпанска енклава Мелила, на северниот брег од Африка.
Затворањето на границите ќе предизвика бранот на бегалци да се упатат на поопасни рути за преминување од една држава во друга.
Повеќе од 40.000 луѓе починале при обидот да мигрираат од 2000 година па до денес, изјави Меѓународната организација за миграции.
Колку навистина земјите ќе останат имуни на миграциите и напливот од бегалци на глобално ниво, останува да видиме во блиска иднина. Но, она што е очигледно е дека секогаш ќе се пронајде начин да се влезе на нечија територија, па дури и со фалсификување на документи.

Фото: Дејли МејлКога Берлинскиот ѕид се урна во 1989 година, во светот останаа вкупно 16 погранични ѕидови.
Денес постојат вкупно 65 ѕидови и огради од кои

Пронајдете не на следниве мрежи: