ТАЈНА на ковчег од 17. век: Неотворените писма во него ќе ви го скршат срцето!

Некогаш одамна, примачот на пакет или писмо морал да плати трошоци за поштарина по приемот. Поради овој закон, било многу лесно да се одбие несаканата пошта.Симон де Бриен и Марија Жермен, управник на пошта и неговата љубовница, во 17. век ги чувале сите писма коишто биле вратени, надевајќи се дека еден ден некој ќе дојде по нив.
Никој не ги барал, но на зборовите напишани во овие стари писма сега им е даден нов живот.
Во 1926 година, огромниот ковчег полн со илјадници писма, беше дониран на музеј во Хаг. Од вкупните 2600 писма, колку што ги има во ковчегот, многу се неотворени и дури сега се испитуваат од страна на тим составен од академици од Лејден, Оксфорд и Јејл.
Едно писмо претставува очајно изјаснување за вината на жена која дознала дека е бремена. Примачот, кој бил богат трговец, го одбил писмото без да го погледне, бидејќи веројатно знаел дека во него се наоѓа веста дека ќе стане татко.
Уште едно писмо од друга жена било адресирано до истиот трговец во име на „заедничкиот пријател“. Пријателката била пејачка која отишла во Париз кадешто открила дека е бремена. Ѝ требале пари од трговецот кои подоцна би му ги вратила. Пријателката молела за помош во одбиеното писмо.

Постојат стотици и илјадници вакви срцепарателни писма. Збирката содржи писма на аристократи, шпиони, трговци, издавачи, актери, музичари, едвај писмени селани и високо образовани луѓе.
Писмата се напишани на француски, шпански, италијански, холандски и латински јазик. Европа во тоа време била зафатена со бран на големи политички превирања, а многу писма откриваат каков бил животот за време на војната.
Еден човек од Франција, во 1702 година му напишал писмо на братот кој е музичар да не патува низ Париз, бидејќи неговиот колега музичар бил натеран да им се придружи на војниците.
Тој го додал предупредувањето: „Ако доаѓаш овде, не носи го инструментот со себе, ниту пак ништо друго“.
Една жена напишала љубовно писмо, приложувајќи исечок од хартија со гулаб кој држи срце во пламен. Таа пишува: „Верноста која ми ја вети и која ти ја дадов со сета своја душа“. Нејзиниот љубовник го отфрлил писмото кое останало непрочитано сѐ досега.Симон де Бриен и Марија Жермен, управник на пошта и неговата љубовница, во 17. век ги чувале сите писма коишто биле вратени, надевајќи се дека еден

Пронајдете не на следниве мрежи: