Талат бара превод на албански јазик за Илинден

Претседателот на Собранието Талат Џафери кој ќе биде главен говорник во име на државата за време на чествувањето на Илинден на 2 август на Мечкин Камен во Крушево од организаторите бара на настанот да се користи и албанскиот јазик.
Според извори во ДУИ спикерот на парламентот ќе се обрати на македонски јазик но потоа инсистира целиот говор да се преведе на албански јазик. Според него и неговата партија тоа не е никаков проблем затоа што и во оригиналниот манифест на Крушевското востание се споменуваат Албанците кои што сега треба да имаат право говорот да го чујат на мајчин јазик.
Ваквата практика Џафери ја применил за време на отворањето на Балканскиот фестивал на културите во Охрид пред две недели каде што бил спонзор на манифестацијата и немало никаков проблем.
Охридските медиуми јавија за незадоволство меѓу присутните граѓани од ваквиот начин на отварање на фестивалот. 
Според изворите во ДУИ не се очекува сериозни проблеми со коалиционите партнери од СДСМ затоа албанскиот јазик е веќе договорен во законот за јазици кој наскоро од владата ќе дојде во парламентот.
Џафери и ДУИ не можат да се откажат од албанскиот јазик на Илинден затоа што локалните избори ќе се одржат за кратко време а ако сега се откажат од мајчиниот јазик тоа ќе биде казнето од албанскиот електорат, сметаат изворите на Expres.mk според кои се покажало дека за Македонците веќе ја прифатиле ваквата практика и таа нема да му донесе штета на СДСМ.Претседателот на Собранието Талат Џафери кој ќе биде главен говорник во име на државата за време на чествувањето на Илинден на 2 август на Мечкин К

Пронајдете не на следниве мрежи: