Тодор Паница

Тодор Паница (1879 – 1925) — македонски револуционер со бугарско потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, приврзаник на Серската група, еден од организаторите наНародната федеративна партија и еден од основачите на ВМРО (Обединета)Тодор Паница (1879 – 1925) — македонски револуционер со бугарско потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, приврзаник на Серската група, еден од организаторите наНародната федеративна партија и еден од основачите на ВМРО -Обединета
Роден е во градот Орјахово на брегот на Дунав на 2 јули 1879 година во семејството на Никола Паница кој бил трговец од Велико Трново и Митанка Пелтекова – учителка од Свиштов,oстанува сирак и е одгледан од чичко си во Варна.Завршува гимназија и се враќа во Орјахово. 
Околу три години служи како кавалерист во армијата. На крајот на 1902 година бега од касарната и се вклучува во активностите на ВМОРО. Вработен е во четата на Никола Пушкаров што дејствува во Кумановско и Кратовско. Учествува во Илинденското востание како четник во Скопско во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. По востанието се прибира во Варна. Во 1904 година Паница повторно заминал за Македонија и се вработил во четата на Драмскиот војвода и негов соученик – Михаил Даев. Одреден е за негов заменик, помошник-војвода на Драмската околија. Поради недостатокот на оружје во четата се вратил во Бугарија во 1906 година. Обезбедува 24 пушки и неколку пиштоли и таа постапка го прави херој. На вториот конгрес на Серскиот револуционерен округ во 1906 година, Тодор Паница е избран за член на Серскиот окружен револуционерен комитет. На 31 јули 1907 година Даев и Паница го киднапираат полковникот Елиот, британски офицер, со цел да добијат откуп за него. За нивна несреќа се забележани и гонети од војската. Елиот успеал да избега, со револвер убива еден четник и тешко го ранува Паница и уште еден четник. Акцијата не е договорена со раководството на ВМОРО и неуспехот предизвикува остра критика. Во исто време, Тодор Паница се запознава во селото Калапот со учителката Екатерина Измирлиева и се венчава со неа на 17 мај 1907 година. Им кумува Михаил Даев. Свадбата на четник е против правилата на ВМОРО, што дополнително ја усложнува ситуацијата во четата на Даев.
По распадот на ВМОРО, Тодор Паница му пренесува на Сандански за тоа што го подготвувале Михаил Даев, Иван Гарванов и Борис Сарафов – заговор за неговото убиство. Така, на 10 октомври 1907 година, во целосна тајност Сарафов, Гарванов и Даев се осудени на смрт. За убиец на Сарафов и Гарванов е одреден Паница, кој требало да го откупи својот грев кон организацијата, бидејќи тајно се оженил. На 28 ноември 1907 година, Тодор Паница убива двајца од Задграничните претставници на Организацијата во Софија – поручникот Борис Сарафов и Иван Гарванов. Потоа заминува со возот за Варна и оттаму оди кај жена си. Таа е учителка во Несебар. Потоа пеш оди во Бургас, зема воз за Софија и потоа бега во Македонија. За таа постапка е осуден на смрт на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО во 1908 година.
Во времето на Младотурската револуција од 1908 година дејствувал заедно со Јане Сандански и Серската група која соработувала со младотурскиот режим. Се населил во Драма и зема активно учество во организирањето на Народната федеративна партија во Македонија и Одринско. Во 1909 година учествува со одред од доброволци против контрапревратот на Абдул Хамид II.
При избувнувањето на Балканските војни во 1912 година тој е војвода на Драмската чета на Македонско-одринското ополчение, која учествува во ослободувањето на Неврокопско. Паница го одбранува преминот во Драмско, а делегација од Просечен му го предава градот, по што тој влегува во него со својата четата. Подоцна служи во првата чета на 14-та Воденска дружина. Во јули 1914 година, со закон изгласан од бугарскиот парламент, Тодор Паница е амнестиран во Бугарија за извршените убиства. Учествува во Првата светска војна во борбите кај Криволак, каде што е ранет и за хероизам е награден со крст “За храброст”.
По завршувањето на Првата светска војна, заедно со Димо Хаџи Димов и други прогресивни дејци, Паница работи на обединувањето на левите сили на ВМРО. Тој ги нуди своите услуги на владата на лево-ориентираните земјоделци на Стамболиски во неговата борба со ВМРО. Користејќи ја ситуацијата, тој гради структури на Македонска федеративна организација во Неврокопско. Кога во 1922 година групите на Тодор Александров го нападнале Неврокоп, Паница со неколку свои истомисленици дал силен отпор, но поголемиот дел од Федералистите се пленети и во пракса нивните активности се неутрализирани. Паница успева да избега во Грција заедно со Стојан Мишев, Григор Циклев, Стојан Чочков и други. По Деветтојунскиот преврат, одреден период живее илегално во Бугарија, а потоа тој се утврдува во Белград, од каде заедно со дел од Федералистите организира контрачети против ВМРО. Тодор Паница станува и советник на паравоеното Здружение против бугарските бандити. Во првата половина на 1924 година во Солун и Атина, Паница имал неколку средби со Елефтериос Ставридис, член на Комунистичката партија на Грција. 
Во 1925 година Паница се преселува во Виена, каде работи заедно со Димитар Влахов и се поврзува со круговите на Коминтерната и БКП. Учествува во подготовката на потпишувањето на Маjскиот манифест од страната на МФО и тврди дека обединување со ВМРО е невозможно, додека не се заменат лидерите. По неуспехот на Манифестот, убиството на Тодор Александров и братоубиствата е одреден за ликвидирање од Иван Михајлов. Во меѓувреме Паница го промовира и формирањето на ВМРО (Обединета).
Ванчо Михајлов по преземањето на ВМРО (Автономистичка) започнал да се пресметува со своите непријатели и неистомисленици. На неговиот список за ликвидација се нашол и Паница, иако бил далеку и надвор од Бугарија. Со убиството на Паница, Ванчо Михајлов сакал да го зацврсти својот престиж.
За таа цел тој ја искористил Менча Карничу, блиска до идејните чувства на Тодор Паница, на која ќе и вети брак само за да го ликвидира својот пријател. Менча Карничева, по потекло од Крушево, болна од туберколоза, се вовлекла во семејството на Паница, кое живеело во Виена и станала многу блиска со сопругата на Паница, Екатерина.
Планот за ликвидирање на Паница предвидувал тој да биде убиен на свадбата на Бумбаров, вооружен придружник на Паница, со Магдалена, сестра на Екатерина. Но, таа се откажала од ова дејство поради големото обезбедување. На 7 мај 1925 година во виенскиот Бургтеатар се изведувала претставата Пер Гинт.
Паница со својата сопруга и младоженците Бумбарови заедно со телохранителот Богатинов резервирале ложа во театарот. Планот бил кога на сцената ќе настапи моментот на потонувањето на бродот проследено со силна музика, Менча ќе пука во Паница.
Така и станало. Во потребниот миг таа го извадила пиштолот и со неколку куршуми го усмртила Паница. На судскиот процес во Виена таа е осудена на протерување од Австрија и заминала за Софија, а наскоро му станала и сопруга на Ванчо Михајлов.

 Тодор Паница (1879 – 1925) — македонски револуционер со бугарско потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член

Пронајдете не на следниве мрежи: